Реклама
Македонија

Продолжен притворот на министерот Бектеши за нови 30-дена

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Адвокатот Еленко…

Сподели:

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Адвокатот Еленко Миланов потврдил дека му е одреден нов 30 дневен притвор на истите околности како претходниот.

Миланов најави и жалба на оваа одлука.

Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по која досега загинаа 61 лице.