Реклама
Свет

Пекинг ги негира тврдењата дека „многу“ кинески граѓани се борат за Русија

„Нема основа за ова тврдење“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нема основа за ова тврдење“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џијан на брифинг со новинарите денеска во Пекинг.

Како што пренесе ДПА, тој додаде дека кинеската влада постојано ги советува своите граѓани да избегнуваат области на вооружени конфликти и да се воздржат од учество во воени активности на која било страна.

Демантот следува по тврдењето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера на социјалните мрежи објави дека украинските сили заробиле двајца кинески државјани кои се бореле на страната на руската армија. Тој исто така објави видео од еден од затворениците.

Реклама

Според Зеленски, апсењето се случило во областа Доњецк во источна Украина.

„Имаме информации дека има уште многу такви кинески државјани во окупаторските сили“, напиша тој, без да приложи други докази.