Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

МВР трага по син на ексградоначалник на ДУИ од Долнени кој пукал со калашников

МВР трага по синот на поранешниот градоначалник на Долнени кој со пушка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР трага по синот на поранешниот градоначалник на Долнени кој со пушка и пиштол пукал среде населено место. МВР ја спроведе акцијата по видеото кое од синоќа стана вирално на социјалните мрежи, а на кое се гледа како Абдула Ќамили пука со оружје. Уапсен е неговиот татко  ексградоначалникот Џемаил Ќамили, а по неговиот син се трага.

Бидејќи сомневањата се дека снимката е направена во дворот на ексградоначалникот, одземен е уред поврзан со видео надзорот во нивниот дом за да се утвдат деталите.

При претресот, припадниците на МВР пронашле три парчиња оружје, сите поседувани со дозвола од ексградоначалникот. Дома си имале репетирачки карабин, полуавтоматски пиштол, како и ловна пушка. Тие поседувале и соодветна муниција. Па така, запленети се 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон. Моментално, истрагата против таткото кој е ексградоначалник и синот кој пукал се води за предизвикување на општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.