Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Здравство

Две држави понудиле „поинтензивна и подолгорочна“ терапија за пациенти од пожарот во Кочани

Две држави понудиле да пружат „поинтензивна и подолгорочна“ терапија за пациенти од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две држави понудиле да пружат „поинтензивна и подолгорочна“ терапија за пациенти од пожарот во Кочани, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

„Два центри каде што ќе се спроведува рехабилитацијата на пациентите се: еден е Ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“, а другиот е Институтот за рехабилитација и физикална медицина во Козле. Тие ќе бидат главни центри. Да се надеваме дека ќе има што помалку пациенти кои ќе имаат потреба од подолготрајна рехабилитација. За оние кои ќе требаат посериозна и подолгорочна терапија, веќе имаме понуди од две држави“, информираше Таравари.

Министерот истакна дека ако има многу тешки случаи, една од опцијите е да се испратат во странство без да се плаќа од страна на Фондот или Министерството за здравство.

Реклама

Претходно, Министерството за здравство информираше дека пристигнале тимови од странство со големо искуство во рехабилитација на пациенти со изгореници, кои моментално прават евалуација на условите и апаратурата во неколку центри за рехабилитација на изгорени пациенти.