Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Засилени контроли во Прилеп – затворен Народниот театар, а денеска се „чешла“ и Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Нема милост за никој каде засилените инспекциски контроли детектираат неправилности и пропусти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема милост за никој каде засилените инспекциски контроли детектираат неправилности и пропусти во досегашното работење како во институциите, така и во установите. По завчерашната четири-часовна контрола, Дирекцијата за заштита и спасување со усно соопштение му стави катанец на прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“.Таму, при формалниот инспекциски надзор извршен на 24 март, биле констатирани серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стандарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна установа. „Во очекување и на писменото решение, ова подразбира, засега на неодредено време – забрана за користење на објектот како објект за масовни приредби, театараски поставки и други настани и случувања, велат од прилепскиот театар. По добивањето на Решението од Инспекцискиот надзор на ДСЗ, театрот во координација со Министертсвото за култура ќе чека конкретни задолженија колку и дали ќе можат да се отстранат 15-те детектирани неправилности во објектот за тој повторено да биде ставен во функција.

Граѓаните пак, со силна поддршка за засилените инспекциски контроли. Бараат неселективност, континуитет, но и драстично зголемување на казните, бидејќи ова што сега ни се случувало било таложено со децении.

Инаку, јавна тајна е дека прилепскиот театар со години работи во субстандардни услови за што редовно алармираа и актерите. Впрочем, како и сега, кога самите, уште на 17-ти март побарале ДСЗ да изврши вонреден инспекциски надзор за да се констатираат состојбите во 7,5 децении стариот објект на НТ „Војдан Чернодрински“.