Реклама
Бизнис

ЕУ со контрамерки на царините на САД – Дали ова е старт на една трговска војна?

Европската Унија  возврати со контрамерки на американските царини од 25 отсто за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија  возврати со контрамерки на американските царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум. Како што соопштија од Европсаката Комисија тие одговараат со мерки во вредност од 26 милијарди евра, затоа што САД применуваат царини во вредност од 28 милијарди долари,

На тарифната листа од ЕУ од 99 страници се наоѓаат американски производи како месо, овошје, зеленчук, алкохолни пијалоци, облека, апарати за домаќинство, мотори, пластика… Контрамерките ќе се спроведуваат во два дела, прво од први април автоматски ќе се вратат тековно суспендираните мерки од 2018  и 2022-та, кои ги таргетираат американските стоки кои се извезуваат во ЕУ  во вредност од 4,5 милијарди евра, а потоа ЕК ќе воведе дополнителни контрамерки кои се однесуваат на американскот извоз во ЕУ од 18 милијарди евра.

Секогаш ќе останеме отворени за преговори. Ние цврсто веруваме дека во свет полн со геополитички и економски несигурности, не е во наш заеднички интерес да ги оптоваруваме нашите економии со царини, рече Урсула Фон Дер Лајен на денешната прес – конференција

Реклама

Одговорот на ЕУ следи по одлуката на САД за 25 отсто царини на целиот увезен челик и алуминиум од сите земји во светот.  Американската администрација во објаснувањето посочи дека  целта на царините е да се стимулира домашната производствена индустрија за челик и алуминиум

Според аналитичарите ситуацијата наликува на почеток на трговска војна, и од тоа ќе изгубат сите и ова мора да запре. Според професорот Ванчо Узунов најпогодени ќе бидат малите економии односно државите во Европа, меѓу кои и Македонија бидејќи се поизложени на меѓународна трговија.

Потребна е сеопфатна анализа, меѓутоа веројатно најоштетени ќе бидат малите економии оние кои се изложени на меѓународна трговија и нејзините текови, тука сме и ние. Поголемите држави можат повеќе краток период да ги ублажат последиците со домашни ресурси…..Во споредба со Американската и кинеската економија сите европски држави се мали ….., вели Узунов

Узунов предупредува дека ситуацијата ќе предизвика негативни последици и за потрошувачите и за бизнисите пред се поради тоа што неможат да ја предвидат ситуацијата и да се подготват како да одговорат

„Неопходни мерки “ за заштита на сопствените интереси како одговор на американските царини најави и Кина. Од кинеското Министерство за надворешни работи најавија дека ќе ги преземат своите легитимни права и интереси.