Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Уапсен лихвар од Тетово – претресен му е домот, најдени тетратки со должници

На 04.03.2025 во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 04.03.2025 во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Биро за јавна безбедност при МВР го лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с. Гајре, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

„При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со должници и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело.

Подоцна, со судска наредба, во присуство на адвокат, неговата сопруга и неговиот брат, биле извршени претреси во два негови станови во Тетово, како и во семејниот дом во с.Гајре. Притоа, во едниот стан во Тетово и во домот во с.Гајре биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, тетратки со списоци од должници и телефонски броеви, три лап-топ компјутери, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Реклама

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР