Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Се интензивираат преговорите за цените и договорите престојната прозводствена реколта на тутунот

Најдоцна за една недела ќе биде познат исходот од интензивните преговори помеѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоцна за една недела ќе биде познат исходот од интензивните преговори помеѓу тутунарите, откупувачите и Министерството за земјоделство кои се водат преку посебно работно тело формирано од ресорниот министер. Барањата се веќе дефинирани и очекувањата се дека истите ќе бидат во интерес и на тутунарите, и на откупувачите, а и на државата, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија.

„Бараме некои договори за да го стандаризираме производството на околу 20-22 милиони тутун и самите производители да бидат заинтересирани да склучуваат договори. Имавме неколку точки и за измена на Законот за тутун во ова работно тело, а како предлози од нас се дадени и забрана за увоз на ароматичен суров тутун, враќање на ингеренциите на Сојузот – без согласност на Сојузот да не можат да потпишуваат, односно да договараат  цени и договори, и баравме измена на членот од Законот за полагање на лиценци“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Откупот на тутунот од ланската реколта завршува на крајот од месецов. Според проценките досега се откупени околу 95 проценти од ланскиот род, кој се очекува вкупно да тежи над 24 милиони тони, а за откуп има останато најмногу 50-тина тони. Ристески уверува дека сиот останат тутун кој е квалитетен, ќе биде откупен во законскиот рок за откуп.

Реклама

  „Секојдневно сме во контакти и со откупните компании за да го купат тутунот. Меѓутоа, компаниите го откупуваат само сувиот тутун. Значи, влажен тутун, недосушен тутун – не купуваат.За тоа дека откупуваат во класи и ние имаме сознанија, но тоа е во согласност со кооперантот“, објаснува Ристески.

Што се однесува пак, до интерсот за прозводство на тутун во престојната реколта, тутунарите велат дека е на задоволително ниво. И кај нив, а и кај откупувачите. Ова, особено што цената на родот од ланската реколта, достигна и до 500 денари по килограм тутун, кој се ценеше претежно во прва класа.

„Од новата реколта очекуваме да не падне под годинашната цена. Очекуваме дека ќе постигнеме повисока цена. Има интерес за нови склучувања на договори, оттука ќе се дижи околу 20- 22 милиони килограми новата реколта. Во зависност од цените кои ќе ги понудат откупувачите – дали ќе одат по класи. Ние бараме да се врати нормалната проценка, но со зголемување на цените“, кажа Јусуф Ибраими, тутунар од с. Житоше.

Изготвените барања од страна на Сојузот, викендов ќе бидат разгледани од Извршниот одбор, по што ќе бидат доставени и до двата партнери во овој процес.

 Каролина Дурло