Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Таравари: Договорците ќе добијат решенија, а ќе се ангажираат и околу 600 приватни специјализанти во здравствените институции

Министерството за здравство веќе ги има завршено сите процедури за враќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство веќе ги има завршено сите процедури за враќање на работа на најголемиот дел од „договорците“, чиј број на ниво на држава изнесува околу 1.180 луѓе, и е само прашање на денови кога тие ќе добијат и решенија. Сега на потег се останатите министерства кои треба да ги дадат согласностите за нивните вработувања, порача денеска од Прилеп, министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Од „Здравство“ е потпишано уште од понеделникот. Се надевам дека и од „Финансии“ ќе се потпише што поскоро…Јас гарантирам, не дека ќе им се продолжат договорите, туку овие ќе земат и решенија…Меѓутоа, според новите систематизации поради приватните специјализанти кои што се 300 од првата половина од оваа година и уште 300 во втората половина на 2025, ни требаше нови систематизации и директорите, нормално сега ќе отвораат конкурси…Јас се надевам дека идната недела овој грч ќе биде решен“, – кажа Арбен Таравари, министер за здравство.

Во меѓувреме, во некои од македонските болници веќе започнале да се враќаат лекари –специјалисти кои досега работеле во западните земји. Еден од нив е и младиот хирург Златко Јаков кој после 11 години работа во Германија, веќе работи на Хирургија во прилепската болница. Министерот Таравари уверува дека ваков интерес постои и кај други лекари и за во други болници во државава.

Реклама

„Јас помагам на ова Одделение веќе 2,5 месеци, веќе трет месец сум на Хирургија, со дежурства во моето слободно време, а чекам официјално да бидам преземен и да почнам да работам…Задоволствот да се работи за својот народ е првото, стручноста која што се стекнала да се покаже, да се примени и да се сподели со колегите…Парите се доволни…Никој не е подобар од нас, мислам, немајте дилема“, – вели д-р Златко Јаков, хирург, повратник од Германија.

„Веќе имаме најава и за уште неколку доктори кои што се заинтересирани. Се работи за еден ендокринолог од Охрид…имаше и еден ортопед кој што сака да се врати од Германија и инфектолог во Битола кој што треба да се врати.Ова се навистина многу симболични бројки, четири доктори, но многу значајни и многу битни за нас како да се враќа надежта дека докторите сакаат од странство да се вратат и да придонесат во нивните градови“, – рече министерот Таравари.  

Таравари објаснува дека оние договорци кои не се покажале како доволно продуктивни, најверојатно нема да бидат вратени на работа. Но, тоа било неприкосновено право на директорите на болниците. Исто така, по однос на престојните специјализации, Таравари појасни дека за да можат да бидат испратени на специјализација, докторите мора прво да бидат вработени.