Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Тешка кражба во вредност од околу 10.000 евра го одложи пуштањето на водоводот во манастирот „Трескавец“

Пред самото ставање во функција на долгоочекуваниот водовод во манастирот „Успение на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред самото ставање во функција на долгоочекуваниот водовод во манастирот „Успение на Пресвета Богородица-Трескавец“, при завршени над 70 проценти од работите, тешка кражба го пролонгира неговото пуштање. Украдени се поголем дел од веќе монтираните кабли, од автоматиката и од електрониката, а неопходни за функционирањето на водоводот. Штетата се проценува на околу 10.000 евра. Кражбата се случила пред новогодишните празници, пријавена е во Полиција, но сторителите се’ уште не се познати.

„Водоводот со средствата што беа одобрени од ТАВ се направи некаде 70 посто…Со помош на работници од „Водовод“ го доработивме целосно водоводот во „Трескавец“ пред Нова година…Сега, во месец март треба повторно да се обнови и повторно да се стави во функција. Значи, беше ставен во функција, беа денови во прашање и двата резервоари веќе беа наполнети со вода“, – изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.

Сега, после огромната предизвикана штета, периодов интензивно се работи на обезбедувањето на нови средства – за украденото повторно да се надомести и манастирскиот водоводен систем по втор пат да биде оспособен, уверуваат градските власти.

Реклама

„Работиме на случајот за повторно да се обезбедат средства за набавка на тие материјали кои што навистина можат во еден или два дена да се имплементираат во тој водоводен систем. Инаку, изворот е комплетно обезбеден, резревоарите, доставувањето на водата до Манастирскиот комплекс „Трескавец“,  останува да ги дозавршиме работите и еднаш да го објавиме како завршен проект. Водата ќе биде хлорирана, чиста и е наменета за пиење“, -кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Пуштањето на водоводот во Манастирот е и последниот предуслов за конечно да се изврши и технички прием на Комплексот, откако во 2020 година целосно беа реновирани конаците по катастрофалниот пожар од 4 февруари во 2013 година, кога беа пеплосани до темел. Вкупната вредност на манастирскиот водоснабдителен систем, во кој е вклучена и Пречистителна станица, е околу 150.000 евра. 100.000 евра беа обезбедени од Светската банка преку ТАВ Македонија, а додека останатите 50.000 евра ги кофинансираше општина Прилеп. По целосната изградба, со водоводот ќе стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.

Манастрирот „Трескавец“ датира од 13-от век и е заштитено културно национално наследство. Во моментов, заради проблемите со водоводот иако конаците се целосно возобновени, собите и понатаму остануваат затворени за посетителите.