Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Медицинските сестри ќе влегуваат од дом во дом, секаде каде што има потреба од нега во Прилеп, Кривогаштани и Долнени

Најдоцна за еден месец, односно по вработувањето на потребните 10 медицински сестри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоцна за еден месец, односно по вработувањето на потребните 10 медицински сестри и на петте социјални работници и психолози, во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени ќе започне да се имплементира пилот-проектот „Медицинска сестра во заедницата“. Овој Проект е новина не само во земјава, туку и во регионот, и се реализира со поддршка од  австриското Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи. Неговата цел е овозможување медицинска нега и грижа во домот на лица и семејства од социјален ризик, особено во руралните средини, по австриски урнек, за што неодамна беше организиран и студиски престој во Австрија.

„Во моментов веќе се воспоставени програмите како сето тоа ќе тече, процедурите на набавка ни се во тек, заради тоа што во рамките на овој Проект, со финансиска поддршка на Р. Австрија, ќе обезбедиме и мобилна опрема за обезбедување помош во домовите на лицата во социјален ризик, на хронично болните лица, да може преку медицинските сестри да им се обезбеди посеопфатна услуга…Со вработувањата започнуваме дел во март, дел во април, значи поделенои етапно, а проектот ќе трае до септември 2026 година“, – изјави Марина Тошеска од Центарот за едукација и развој, Прилеп.

„Во проектот сме вклучени со изнаоѓање  детектирање на оние на кои најмногу ќе им биде потребна медицинската сестра во заедницата…Имавме многу што да научиме, многу корисни посети од кои што јас единствено извлеков заклучок дека ние можеме да имаме се’, меѓутоа можеби ни треба малку поголема организираност и малку поголема вклученост како локално, така и ние како институции, вие и сите заеднички можеме да ги имаме сите услуги кои што ги пружа Република Австрија во моментот“, – рече Зоран Малковски, директор на МЦСР, Прилеп.

Реклама

Инаку, носител на овој Проектот е невладиниот Центар за едукација и развој, кој минатата година успешно го реализираше и Проектот за социјалната услуга „Помош и нега во домот“, и која услуга, заради евидентните корисни ефекти кај 210-те корисници, главно стари и изнемоштени лица, од први август лани, премина под „капата“ на државата.