Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Нов бојкот на маркетите

Големите и помали маркети и денеска останаа без голем број муштерии. Граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големите и помали маркети и денеска останаа без голем број муштерии. Граѓаните и овој пат одлучија да ги бојкотираат, но со помал ентузијазам од првиот пат.

„Алфа“ направи обиколка на повеќе локации низ Скопје и можеше да се види дека ги нема вообичаените гужви во големите маркети.

Граѓаните кои влегуваа да пазарат не ги полнеа корпите. Купуваа само по неколку производи, како што посочија основните кои им биле најнеопходни. А голем дел ги избегнуваа маркетите, па купуваа само на зелените пазари и во пекарите. Револтирани се од трговците поради како што велат ги набилдале  цените до плафон . Дали бојкот ќе има ефеткт – поделени мислења.  Граѓаните алармиаат дека треба да има строги контроли .

Реклама

Вработените во маркетите признаваат дека имаат намален обем на работа, помалку купувачи и според нивните пропценки прометот осетно е намелен.

Надлежните велат дека контроли на терен има и се најавуваат мерки. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, го чека извештајот на Државниот пазарен инспекторат од контролите направени кај дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.Најдоцна до понеделник ќе биде објавено што затекле инспекторите на терн, па потоа ќе се преземат и конкретни чекори.

„Сега тие ги контролираат дистрибутерите, добавувачите и трговците. Значи кога ја вршат контролата, не ја вршат само кај производителите. Целокупниот процес го контролираат. Ќе контролираат колкав е процентот на маржата, ставена од трговците, за период од шест месеци. Дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај што ќе го земеме од Државниот пазарен инспекторат, како Влада ќе ги превземеме мерките кои треба да ги превземеме“, изјави Бесар Дурмиши министер за економија и труд.

Големите трговски синџири се бојкорираат и во Србија, Босна и Херцеговина, а сега се приклучија и  Косово, Грција и Бугарија.

Во Хрватска од сабота, 8 февруари, започнува седумдневен бојкот на еден трговски синџир, чиј избор ќе биде одреден преку анкета на „Фејсбук“. Според платформата „Ало инспекторе“ потрошувачите барале да се продолжи со бојкотите, бидејќи, според нив, трговците не ги сфатиле пораките од претходните два општи бојкоти.

Љубиша Владимиров