Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Кој е патот до разрешување на судиите во Собрание?

Ако тој што те избрал, ти вика не сум задоволен од твојата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако тој што те избрал, ти вика не сум задоволен од твојата аработа, а ти упорно седиш во фотелјата тогаш си го изгубил целиот морален кредибилитет на понатамашен мандат. Вака адвокатот Звонко Давидовиќ го оценува однесувањето на петте членови на Судскиот совет и интерпелациите против нив, што веќе им се поднесени во Собранието. Ако кај нив не работи моралот и упорно си ги чуваат фотелјите, тогаш секој има право да им каже дека нивните одлуки се без кредибилитет.

Дел од правната фела поделена околу потегот на Собранието за петте членови именувани таму. Собранието прво да презентира план за нови членови, а потоа да одлучува за за актуелните членовите на Судскиот совет чиј што извештај за ланската година беше оценет со негативна оценка, коментира Дарко Аврамовски.

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски е на ставот дека не постои никаква пречка пратениците да ги разрешат членовите. Тој појаснува дека доколку ланскиот извештај не добил зелено светло, Законот и Уставот им ги одврзуваат рацете на пратениците да одлучат за нивната судбина.

Реклама

Новоизбраниот претседател на Судскиот совет, Александар Камбовски, пак,  верува дека Собранието ќе постапи согласно законот.

Инаку, речиси сите пет членови на Судски совет кои се избрани во Собранието имаат конекции со поранешната власт на двоецот СДСМ-ДУИ. Екс претседателките Весна Дамева и Павлина Црвенковска кои шефуваа за време на СДСМ и ДУИ, никогаш не биле судијки, туку стручни соработници во Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје, а поминаа под превезот „Истакнат правник“. Дамева била и член на правната комисија на СДСМ, а Црвенковска важи за близок човек на Заев. Селим Адеми, пред да решава за судбината на судиите, бил секретар во општина Гостивар и државен советник во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Овој ресор со децении го добиваше исклучиво ДУИ. Екс шефот на државата Стево Пендаровски, го предпожи, а пратениците го изгласаа и колегата на Селим од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Миљазим Мустафа. И последно избраната, адвокатката Тања Чачарова-Илиевска е име кое се поврува со СДСМ. Таа била посебен советник на екс министерката за правда Рената Десковска и донатор на партијата на социјалдемократите.