Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Прилози

Бизнисмените чекаат на парите од унгарскиот кредит за почеток на инвестициксиот циклус

Компаниите со веќе подготвени проекти чекаат на унгарските пари. Од Бизнис конфедерацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компаниите со веќе подготвени проекти чекаат на унгарските пари. Од Бизнис конфедерацијата на Македонија велат дека особен интерес има кај фирмите од прехранбената индустрија. Планот им е да го прошират производството на храна и пијалоци, а има и голем број на проекти во делот на заштеда на енергија. Одлуката да им се овозможат евтини кредити на бизнисите во износ од 250 милиони евра, според Бизнис конфедерацијата треба да покаже какви идеи имаат компаниите, дали ќе вложуваат за да ги достигнат европските стандарди и дали имаат капацитет да освојуваат нови пазари.

„Дали имаме ние толку многу компании кои што можат да вложат 2, 3, 5 милиони евра во инвестиции во ова време на неосвоен глобален пазар, на неспроведени одредени процедури кои се поврзани со стандарди со исполнување одредени барања и од странските партнери и од странската потрошувачка група и така да сметаме дека што поскоро и конечно се дефинираат условите и начинот на кој ќе се апсорбираат или како ќе се аплицира на овие проекти, тоа е подобро“, изјави Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Откако Владата и банките договорија дека компаниите ќе ги добијат парите од унгарскиот кредит со трошок од 1,95%, се прошири и листата на фирмите кои можат да конкурираат. Сега ќе се прифаќаат и апликации за комерцијални енергетски објекти од обновливи извори, а не само за оние за свои потреби. Тоа значи дека листата се проширува со фирми кои ќе градат ветерници, соларни паркови, мали ходроцентрали. За Бизнис конфедерацијата, ова е показател дека на Владата и е важна зелената енергија, односно да се произведува струја од обновливи извори.

Реклама

„За нас тоа е еден показател, еден сигнал, дека се внимава и се води сметка на насоката зелена енергија, транзицијата намаленото учество со емисија на јаглеродни гасови во атмосферата дека е план и дека Македонија е на агенда исто така да вложува во зелената енергија“, рече Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Сите преостанати процедури за искористувањето на парите од унгарскиот кредит за фирмите ќе поминат на владина седница во вторник, по што овие пари ќе станат оперативни за бизнис секторот.

„Анализата вели дека 250 милиони евра е годишно побарувањето на економските оператори да земат заеми. Кога ќе ги ограничите практично можностите, тогаш ги ограничуваат и економските оператори и сега може да се случи од тие 250 милиони евра да се искористат само 120, 150 или 180 милиони евра, а другите да останат. Од тие причини сакаме да го прошириме сето она што ќе има позитивен импут во БДП и во македонската економија. Но, сега е се дефинирано, завршено е, содржината на договорот е готова“ рече Мицкоски.

Унгарскиот кредит за компаниите е со каматна стапка од 1,95%, три години грејс-период и 12 години рок на отплата. Компаниите можат да добијат најмногу до 10 милиони евра, а треба да имаат сопствено учество од 20% од вкупната вредност на проектот.

Тања Попова