Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Судијата Пајазити на рапорт пред Судскиот совет за бегството на Рамадани

Во вторник заменик претседателот на Кривичниот суд, Пајазит Пајазити, ќе се соочи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во вторник заменик претседателот на Кривичниот суд, Пајазит Пајазити, ќе се соочи со членовите на Судски совет и ќе објасни зошто му овозможи на команданот на УЧК Блерим Рамадани да избега во Косово, брифираат судски извори за Алфа.

Расправата е одложена за 28 јануари бидејќи судијата бил на патување надвор од Македонија. Се очекува тој да се појави на закажаната расправа. Ако и тогаш не се појави, а нема нема оправдание, според Законот за судски совет, расправата може да се одржи.

Ако судијата или претседателот на судот уредно поканет не дојде на расправата, а изостанокот не го оправда, расправата ќе се одржи.

Реклама

На расправата се изведуваат доказите предложени од подносителот на барањето, судијата, односно претседателот на судот, како и доказите прибавени од Комисијата, стои во Законот за Судски совет

Барањето за одговорност од судијата Пајазити доаѓа откако минатото лето  Судскиот совет утврди пропусти во неговото постапување во случајот Рамадани.  Беше констатирано дека тој го пуштил Рамадани од затворски во куќен притвор, без да има нови услови и причини за тоа. Оттогаш помина повеќе од година и пол и се уште не се знае исходот дали поради скандалозната одлука, Пајазити ќе биде разрешен од функцијата.

Тој често се става во функција на заштита на корупција кај највисоките функционери во Македонија. Откако го пушти Рамадани да избега, по само неколку дена го спаси од затвор и членот на Советот на обвинители и поранешен правобранител Иџет Мемети. Пајазити глатко ја прифати спогодбата на Мемети во Обвинителството. Корумпираниот член на Советот на обвинители кој беше фатен со мито од 10 илјади евра, си помина со условна казна од една година. Доколку Пајазити не ја прифатеше спогодбата, на Мемети  му се закануваше затвор од 1 до 5 години.

Судијата на претходна постапка и заменик претседателот на најголемиот Кривичен суд во земјава, не одреди притвор ни за групата која упадна во Контролната кула на Скопскиот аеродром ланскиот јануари, предводена од високиот функционер на ДУИ, Беким Незири. Иако Обвинителство предложи и бараше притвор.