Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Тромавото обвинителство не постапува по пријавите на антикорупционерите и резиворите, a за пријавите на МВР тера предистраги

Тромаво обвинителство коешто не само што не постапува по допрен глас, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тромаво обвинителство коешто не само што не постапува по допрен глас, туку и ги игнорира и пријавите на Антикорупциска, а и извештаите на Државниот завод за ревизија. Ова е причината зошто граѓаните не им веруваат на гонителите на криминал коишто во борбата со корупцијата последниве години покажаа нула резултати. Вака ги коментира обвинителите и ја оценува нивната работа, претседателот на Транспаренси Интернешнл, Благоја Пандовски.

Им недостасува кадар, но обвинителите се клучот во борбата против корупција, па нивното бавно и тромаво работење ништо не го оправдува, појаснува претседателот на невладината којашто со години мери корупција во земјава.

Инаку во барометарот за корупција за ланската година на Транспаренси Интернешнл како активни институции коишто придонеле во борбата за корупција ги посочува Антикорупциска и Државниот завод за ревизија.

Реклама

Ревизорите редовно објавуваат извештаи и посочуваат недостатоци. Антикорупционерите формирале 65 предмети за изборни регуларности, а најголемо внимание предизвика постапката на Академијата за судии и обвинители и Управниот суд околу избраните кандидати за време на избори.

Во барометарот не изостанува ниту случајот со подмитливиот судија Наќе Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети кои се спогодија со обвинителството за примањето поткуп. Тука е и црната листа на САД.

На оваа листа се најдоа и поранешни високи функционери, но и луѓе кои директно ја спроведуваат правдата и се дел од правосудниот систем. Ова е еден од индикаторите зошто и така ниската доверба во правосудството во континуитет бележи пад, стои во Барометар на корупција за 2024-та.

Според Транспаренси, ова е еден од индикаторите зошто и така ниската доверба во правосудството во континуитет бележи пад. Обвинителството тромаво постапува и по пријавите на МВР. Барем досега за големи полициски акции и претреси за сомнежи ан голема корупција, обвиниетлството се уште тера предистраги.

Засега Обвинителство отвори само предистрага за високиот функционер на ДУИ, Артан Груби и судијата Енвер Беџети кој чувал предмети во фиока и за кои Стејтдепартментот се сомнева дека земал мито. И покрај сите информации за висока корупција, според последната изјава на државниот обвинител Љупчо Коцевски, допрва ќе се истражува дали постои кривично дело во случајот со Груби и судијата и од нивната одлука ќе зависи дали ќе има истрага и кривична постапка против нив.