Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Длабоки корени на непотизмот во македонското правосудство, цели семејства секојдневно се среќаваат во судските ходници

Син, ќерка, сопруга, евентуално снаа и зет. Сите можни роднински врски се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Син, ќерка, сопруга, евентуално снаа и зет. Сите можни роднински врски се гранки на дебелите семејни стебла во македонското судство. Праксата, децата и сопругите на судиите и обвинителите да им станат колеги во канцелариите каде гонат и судат, никако да згасне. Синот на Талат Џафери, високиот функционер на ДУИ и поранешниот собраниски спикер, снаата на функционерката на СДСМ, Цветанка Иванова, сопругата на шефот на Организиран Криминал Ислам Абази. Ова се само неколку пуштени гранки на функционери во судскиот систем за кој се пишуваше неодамна.

Дел од правната фела се зачудени од овој тренд за кој никој не понесува никаква одговорност, а непотизмот царува. Според нив, државата мора да најде механизам како еднаш засекогаш семејните стебла и партиските врски да немаат влијание врз правосудството.

Непотизмот има зародиш уште во Академијата за судии и обвинители. Една петтина од кандидатите кои завршуваат се роднини на функционери.

Реклама

За ова реагираше и минатиот состав на Антикорупциска. Законот за јавни обвинители забранува роднини, сватови и партнери да се вработат во исто обвинителство. Исто така и Советот на јавни обвинители мора да внимава каде ќе ги распредели роднините, предупредуваа антикорупционерите.

Функционерите во судството имаат очигледно наследна функција. Па така, Кирил Геогиев, судија во Кривичен е син на судијата Наќе Георгиев кој сега лежи затвор за мито од 10 илјади евра.

Илир Јакупи, кандидат на Академијата е син на судијата Субхи Јакупи во Управен суд и поранешен член на ДИК по предлог на ДУИ. Тој исто така му е и зет на осудениот митаџија Иџет Мемети, екс член на Совет на Обвинители и поранешен народен правобранител, Зоран Здравев избран за судија и син на екс претседателот на Судски совет Киро Здравев. И синот на специјалната обвинителка Елизабета Јосифоска стана судија.

Јавноста се шегува со судските гени на децата на функционерите на третата власт. Да не знае човек дали е семеен ручек, куќна слава или судско рочиште. Таткото функционер, обвинет за криминал, синот судија, а мајката член на Советот на јавни обвинители, иронично коментираат граѓаните на социјалните мрежи по јавно објавениот непотизам.

И покрај критиките во извештаите на Евроската комисија и изјавите на меѓународните преставници во земјава, сепак непотизмот се уште царува и не е направени ништо за негово искоренување.