Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Бизнис

Компаниите заинтересирани за поволните кредити од унгарскиот заем – за што ќе ги искористат парите?

Брендот „Специјал“ која опстојува повеќе од 35 години на македонскиот пазар, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брендот „Специјал“ која опстојува повеќе од 35 години на македонскиот пазар, со унгарските пари ќе го модернизира производството. Се уште правеле анализи дали да вложат во фотоволтаици или нови машини, но велат дека дефинитивно ќе аплицираат за кредитот зашто е многу поволен.

Нашата намера и интенција е да сме енергетски независни со соодветни капацитети да дојдеме до производство на електрична енергија кој што ќе ги задоволи целосно нашите потреби. Понатака би можеле да имаме проекти кои се однесуваат на осовремување на техничко – технолошко средства којшто се во нашето портфолио, вели Ѓеоргиевски сопственик на „ Специјал“

„Специјал“ е само една од стотици македонски фирми кои ќе имаат можност да добијат дел од колачот евтин кредит.

Реклама

Можноста која им се отвора со овие пари за технолошки развој и проширување на капацитетите е од огромно значење особено за малите и средните бизниси кои се набројни во домашната економија.

Владата договори фиксна каматна стапка  од 1.95 отсто, со поголем дел од комерцијалните банки која ќе ја плаќаат фирмите како кредитен ризик. Ќе има грејс период од три години, а рок на отплата до 15 години.

 Пари на располагање                                    Учество 20%                  износ

10 милиони,                                                      2. 000.000                      8 000 000

8 милиони                                                          1.600.000                       6 400 000

6 милиони                                                           1.200 000                       4 800 000

Максималниот износ на проектот ќе биде до 10 милиони евра, од кои би требало 20 проценти минимум да е сопствена инвестиција, што значи дека до осум милиони евра ќе бидат финансирани од овој проект.

За бизнисот овие услови се прифатливи, тие го поздравуваат потегот и ги подготвуваат проектите додека се чекаат финалните услови.

Ова е еден одличен исчекор нанапред, во смисла дека во бизнисот ќе дојдат кредити со соодветно ниска камата, понатака рочност која ќе е максимум три години грејс период и до 15 години рок на отплата, додава Горѓиевски

Според најавите од Премиерот до крајот на неделава ќе се финализираат условите под кои фирмите ќе ги добиваат парите. Моментално тие се на сметка на развојната банка, секоја фирма ќе може да аплицира во банка по избор која се согласила на проектот и по одобрувањето парите ќе бидат префрлени во банката па до фирмата. Банките ќе вратат 250 милиони евра како главница, а каматата од 1.95 останува за нив.