Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Македонија мора да ја претрка Бугарија во намерата да изгради алтернативна пруга со која сака да не заобиколи

Бугарија работи на алтернатива на железничкиот коридор 10 за да ја заобиколи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија работи на алтернатива на железничкиот коридор 10 за да ја заобиколи  Македонија, и затоа Владата ја става изградбата на пругата кај нас што ќе ги поврзе Србија и Грција на врвот на приоритетите. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски интензивно се работи на изнаоѓање решение за изградба на пругата на Коридор 10 во Македонија со што Бугарија би се поврзала природно со нас и Македонија нема да остане слепо црево на Балканот. Николоски најавува дека за 2 месеци Владата би имала конкретен план како да се изгради пругата, а целиот проект би бил готов за 5- 6 години

-Во следните два месеци ќе излезам со конкретни решенија кои ќе ги презентирам во јавноста за подоцна да можеме да почнеме со градба. Рок за дизајн и за проектирање е една година, а рок за изградба е четири до пет години во зависност од теренот. Тоа значи дека целиот проект треба да трае помеѓу пет и шест години – рече Николоски.

Од друга страна сеуште трае процесот за решавање на проблемот во проектирањето на железничката пруга на Коридор 8 односно третата делница Крива – Паланка – Деве Баир која што спред податоците од минситерството за транспорт завршува на половина тунел. Разговорите со Бугарија траат, а според најавите средба ќе има во Скопје на крај на месецов. Во ревизијата на недостатоците, лошо испроектираната траса и нереалните минилони,  посредник ќе биде Европската Унија.

Реклама

На последниот состанок во Софија, согласно официјалниот записник, договорено е е дека треба да се направат две работи. Првата работа којашто треба да се направи е да се направи заедничко проектирање за тунелското решение коешто треба да ги поврзе двете држави, втората е заеднички да се избере изведувач, што е единственото логично што може да се направи, и третата работа е во однос на делот од македонска страна да се направи ревизија на проектот и на цените, затоа што мислам дека никој не е наивен да верува дека 24 км треба да чинат 560 милиони евра – рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање на дебатата што ја организираше Сојузот на стопански комори по повод нејзиниот 20-ти роденден.

Владата покрај на железничката, работи и на модернизација и изградба на патната инфраструктура. Министерот Николоски најави дека до крајот на јануари се очекува да заврши целата експропријација освен делот за заштитена зона кај Охридското Езеро за патните коридори 8 и 10д, што била и една од најголемите кочници во минатото.