Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Конфликт во Левица – советничка во Гази Баба ја напушта партијата

На денешната редовна седница на Советот на општина Гази Баба, советничката Марија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната редовна седница на Советот на општина Гази Баба, советничката Марија Ѓошевска која доаѓа од редовите на политичката партија Левица, изјави дека ја напушта партијата и ќе делува како независен советник кој ќе дава поддршка на развојот на општина Гази Баба.

„Досега во Советот на општина Гази Баба делував како советник на Левица, а од денес ќе делувам како независен советник. Секогаш ќе останам на страната на народот и ќе ги поддржувам проектите кои ќе бидат во корист на граѓаните. Ќе работам со ист интузијазам како и досега, без притоа да трпам притисоци кои досега ги трпев за наводен отчет пред партијата, наместо пред граѓаните. Како Советник должам отчет пред граѓаните, а не пред партијата”, изјави Марија Ѓошевска на почетокот на денешната седница на Советот на општина Гази Баба.