Реклама
Македонија

АХВ има капацитети да ја превенира чумата на мали преживари

Агенцијата на храна и ветеринарство за контрола на болести кај животните, преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата на храна и ветеринарство за контрола на болести кај животните, преку проект на Европската унија ќе ја преневира чумата на мали преживари и ќе го подобрува капацитетот за контрола на болести. Според директорот Оливер Миланов, преку проектот се развиени сеопфатни планови за контрола и искоренување на приоритетните болести.

Тој посочи дека ќе направат се за превенција од чумата на мали преживари што првично се појави во Романија, а оттаму се префрли во Грција каде на 5 август имаше петунизација на 15 илјади грла кои беа уништени.