Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Двајца уапсени еден во бегство по убиството кај „Mавровка“

Застрелан маж утринава на паркинг среде Скопје. Идентитетот на жртвата и мотивот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Застрелан маж утринава на паркинг среде Скопје. Идентитетот на жртвата и мотивот за убиството кое се случи во близина на ТЦ Мавровка сред бел ден се сеуште непознати.

Откако го застрелале тројцата осомничени избегале од паркингот, а по брзата реакција од полицијата, две лица се уапсени откако возилото со кое најверојатно избегале од паркингот кај Мавровка,  било забележано во скопски Чаир. Полицијата ги пресретнала, па дошло и до престрелка помѓу групата и полицајците. Во моментов се трага по третиот осомничен, а според официјалните информации идентитетот и е познат на МВР.

Двајцата осомничени  се фатени откако дел од Скопје беше затворен , се прегледуваа домови и возила, а во потрагата беа вклучени специјални полициски сили,  хеликоптери и дронови.

Реклама

на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, велат од МВР.

Во текот на денот имаше повеќе шпекулации за идентитетот на жртвата. Првичните неофицијални информации беа дека станува збор за адвокат, а последните пишувања се дека станува збор за бизнисмен кој имал дуќан за бижутерија и најверојатно бил мета на крадци. Неофицијално од автомобилот на жртвата биле одземени и неколку предмети.

Граѓаните велат дека се исплашени од ваквиот случај и очекуваат убијците да бидат фатени

Убиството се случува по  неполни 24 часа од пукањето во скопската општина Ченто во која беше ранет 43 годишен жител од Австрија . Во мажот со иницијали Н.А  било пукано додека возел во неговиот автомобил, тој е префрлен на лекување во комплексот клиники Мајка Тереза, а случајот се уште се расчистува.