Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

83-ца Македонија чека да бидат екстрадирани дома

Дури за 226 лица Министрството за правда побарало есктрадиција од почетокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дури за 226 лица Министрството за правда побарало есктрадиција од почетокот на годинава. Од нив, за 143 е завршена постапката односно поголем дел ни биле испорачани,а дел одбиени од државите каде што биле уапсени.

Палчо од Турција беше испратен во Македонија само по пет месеци од барањето за екстрадиција, а за случајот Монструм кој исто така ја потресе македонската јавност со петкратното убиство кај Смилковското езеро, со години Македонија чека испорака на двајцата осудени на доживотен затвор. Вчера беше испратено третото барање за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ до Косово.

 Макердонските министер за правда не гледа причини тие да не бидат испорачани, но официјална Приштина досега нема дадено никаков повратен одговор. Косовскиот министер кој вера беше во посета на Македонија не одговори конкиретно дали, како и кога ќе биде одговорено на македонското барање. Побара само овој случај да не се поврзува со екстрадицијата на Блерим Рамадани по кој трага Србија.

Реклама

Се очекува официлен Белград да достави барање месецов за негова екстрадиција. Но, Рамадани, поранешен војник на ОВК, кој беше уапсен на граничниот премин помеѓу Косово и Македонија и на 17-ти јули заврши во Шутка, од денеска оди во ќуќен притвор. Таква одлука донел судот.

  • Министерството за правда  има добиено  известување од МВР дека е уапсено лицето Блерим Рамадани и дека му е одреден 30 дневен екстрадициски притвор. Министерството за правда единствено е надлежно да носи одлука кога судот правосилно ќе утврди дека се исполнети законските услови за екстрадиција. За сите натамошни активности во врска со овој случај ќе бидете навремено  информирани“ велат од Министерството за правда.

Според прописите за редовна постапка, надлежните во Србија дека имаат рок од 40 дена да достават барање за екстрадиција. Истовремено, Правда го известеле и МНР дека на косовски државјанин му е изречена мерка притвор.

Инаку Македонија бара да бидат испорачнаи дома и двајцата осомничени од групата од Грчец на кои им с еставаат на товар повеќе кривиччни дела, меѓу кои и убиство.  Иако нашата држава побара од Обединетите Емирати  испорака на двајцата криминалци Мухамед Чајани и Шеваљ Муареми уште во март годинава, надлежните таму немаат се уште одговор на истото.

Додека ние бараме дестици лица да бидат вратени дома и да бидат изведени пред лицето на правдата или да бидат сместени во затвор, непознато е колку екстрадиции с епобарани од нас. Министерството за правда ги има бројките, но согласно законот не смее да ги споделува со јавноста.