Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Свет

Четворица загинати и најмалку 23 повредени во судир на возови во Чешка

Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице. Несреќата се случи синоќа околу 23 часот во градот Пардубице, на околу 100 километри од Прага.
Патничкиот воз патувал од Прага кон словачкиот град Кошице и во него имало повеќе од 300 патници. Снимките што ги објавија чешките сајтови покажуваат дека најмалку еден вагон излетал од шини. Од 23 повредени лица, 20 се здобиле со полесни повреди, а тројца се со потешки повреди.
„ судирот на двата воза во пардубице е голема трагедија. Нашите мисли се со жртвите и повредените“, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство.
„Товарниот воз превезувал калциум карбид, но првите два вагона биле празни, па нема истекување. Започнавме истрага за несреќата, па засега е рано да се шпекулира што е причината“, изјави министерот за транспорт Мартин Купка.
На местото на несреќата, распоредени се голем број пожарникари, болничари и лекари, како и два спасувачки хеликоптери. Чешките железници соопштија дека сообраќајот кон Моравија ќе биде подолг период во прекин.