Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

77 годишен пациент нападнал вработен во болница со нож

Ножевите и пиштолите оставете ги дома кога одите да барате лекарска помош.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ножевите и пиштолите оставете ги дома кога одите да барате лекарска помош. Независниот синдикат на здравствени работници, експресно и остро реагира откако во ГОБ „8-ми Септември“ пациент со нож повреди работник. Белите мантили бараат поголема одговорност од Директорите на болниците, преку засилување на физичкото и мониторинг обезбедување, со цел да ја зголемат безбедноста на здравствените работници за време на работата во болниците.

  • Граѓаните да ги остават ножевите и пиштолите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат невооружен и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми. Директорите на јавните здравствени установи преку физичкото и мониторинг обезбедување да ја зголемат безбедноста на здравствените работници за време на работата во здравствените институции, вели за Алфа Кристина Олевска, Претседател на Независниот синдикат на здравствени работници за „ГОБ 8 Септември“.

Здравствените работници велат дека системот е нефункционален и државата да покаже поголема сериознсот ако сака функционални институции.

Се огласи и директорот на ГОБ 8 Септември доктор Христијан Костов. Според него, станува збор за пациент со ментално растројство што не е предвидливо. Причините за сега се непознати.

Реклама

Инаку, синоќа во Градската општа болница „8 Септември“ беше повреден вработен во болницата откако со нож пациент го прободел лекар. Од полицијата рекоа дека 36 годишниот вработен бил прободен од агресивен пациент од Скоје на возраст од 77 години. Напаѓачот буквално дивеел во болницата.

Сличен инцидент беше пријавен и во септември лани, кога млад пациент во градската болница „Св. Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.

Борис Грујоски