Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Јанкуловски: Не ги задоволуваме ниту основните копенхашки критериуми, затоа сме уште во чекланицата на ЕУ

Корупцијата во Македонија е хронична состојба, со два проценти доверба во судството,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупцијата во Македонија е хронична состојба, со два проценти доверба во судството, на властите не им држат вода оправдувањата дека уште сме во чекалницата, заради како што велат тие некакви проруски сили.

Дел од аналитичарите се децидни, сите амбасади, но и пошироката меѓународна заедница алармира дека во Македонија корупцијата е распространета од ниво на шалтер, па се до виоките функционерски фотељи. Ако владата мисли дека со изговори и флоскули ќе го излаже народот за некакви руски сили што не држеле во заложништво, тогаш власите се лажат, вели професорот Звонимир Јанкуловски. Тој за Алфа посочува – оваа власт ја парчоса Македонија, и затоа сме уште пред портите на европското семејство. Ние не го задоволуваме ни основните копенхашки критериуми.

Меѓутоа ако сите ви укажуваат на висок степен на корупција, која е веќе и хронична состојба во државата, и американската амбасадорка имаше изјава во таа насока, тогаш станува јасно зошто овие процеси, не се дел од она што сакаат тие да веруваат дека се проруски сили ,туку се објективни критериуми, вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.

Реклама

Јанкуловски вели власта треба и да види и да прочита нешто од извешатите на Унијата за нејзиното проширување, какво е расположението во змејите членки, каде се позицонира ЕУ со новите глобални промени. Вели владата е запната за уставни измени и само тоа го посочува како проблем, ама и да ги ставиме бугарите во Уставот, заради корупција се соочуваме со нови вета.

Со два посто доверба во правосудниот систем, не верувам дека можеме да напредуваме кон Унијата и со ваква економија која е во моментов во државата, мислам дека сме далеку од стандардите кои се поставени во Унијата.. Дури и прашањето за внесување на бугарите во Уставот не е нешто што и доколку го направиме ќе биде гаранција дека ќе тргнеме на патот кон ЕУ, вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.

Годинава се почести беа критиките од амбасадите за корупцијата во Македонија. Холаднија реагираше и на измените на кривичниот законик, тоа го призна и вицепремиерот Маричиќ. Иако многиу европски земји реагираа преку ЕК, Холаднија беше држава која и билатерално изрази загриженост со измените со кои се дава можност за поголема неказнивост.

Пролетта, холандскиот амбасадор Коп повлече  проект во вредност од милион евра за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет. А токму за судскиот совет ЕУ испрати оценска мисија која даде дури 40 препораки, кои ако не се применат, состојбата во Советот ќе остане критична и хаотична.