Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пронајдено е безживотното тело на Вања – Била убиена на денот на киднапирањето

Пронајдено е безживотно тело на исчезната ученичка, 14 годишната Вања Ѓорчевска од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пронајдено е безживотно тело на исчезната ученичка, 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, стои во заедничко соопштение на Основното јавно обвинителство и МВР.

Според надлежните, нејзиното тело е пронајдено во околината на Скопје. Осомничени се 5 лица, од кои за тројца се бара притвор, едно лице е надвор од државата, а едно е на распит во полициска станица.

Пронајдено е и безживотното тело на  Панче Жежовски, 74-годишниот фризер од Велес, кој е исчезнат од средата. Пронајдено беше и неговото возило, кое било целосно опожарено.

Реклама
  • „Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.“ – Пишува во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Оттаму велат дека се издадени наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација, како и наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Од обвинителството додаваат и дека случајот нема етничка заднина, бидејќи сите осомничени се од македонска етничка припадност.