Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Македонија го доби историски најлошиот извештај од Европската комисија

Борбата против корупцијата остана само на хартија, реформите во судството затаија, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата против корупцијата остана само на хартија, реформите во судството затаија, а скандалите го заземаа пиедесталот. Наместо политичките елити да се посветат на суштински реформи, се посветија на политичко влијание во речиси сите сфери.

Според Европската комисија немаме завршено речиси ништо од домашните задачи, иако Владата секој ден се фали дека работи на европската агенда. Како што стои во Извештајот, не е постигнат напредок во борбата против корупцијата. Судскиот систем пак си е посебна приказна. Ниту еден скандал не останал незабележан од европските челници. ЕК изрази загриженост и за измените на Кривичниот законик, а се нотира и злоупотребата на европското знаменце.

„Нема напредок во судството минатата година. Судскиот систем останува на одредено и умерено ниво на подготовка. Судскиот советот треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Загриженост за несоодветно политичко влијание предизвика контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет“ – стои во Извештајот.

Реклама

Во извештајот се нотира и дека има застој во усвојувањето на новата стратегија за реформи во правосудството, со кои треба да се подобри работата на институциите.

Не беше постигнат никаков напредок во борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Се зголемија одложувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултираше со истекување на рокот на застареност на некои случаи.“ се наведува во Извештајот.

За ЕК е проблем доцнењето на реформите на јавната администрација. Се критикува работата на Парламентот, неусвоениот деловник, измените на Изборниот законик, како и неусвојувањето на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Македонија има органичен напредок во слободата на изразување, борбата против организираниот криминал и перење пари, умерено подготвена да се справи со конкурентскиот притисок и пазарните сили во ЕУ.

Покрај Извештајот, денеска о  ЕК беше презентиран и Планот за раст на Западен Балкан. Еврокомесарот Вархеји порача дека на земјите кандидати мора да им се понуди кредибилен пристапен пат до ЕУ. Сепак, Македонија и останатите земји, мора да покажат интерес за суштински реформи. Главна тема на прес конференцијата во ЕК, беше предлогот за отворање пристапни преговори со ЕУ за Украина и Молдавија,

„Украина заврши над 90% од неопходните чекори наведени од Комисијата минатата година, особено во делот на судските реформи и борбата против корупцијата. Останатите реформи се на добар пат и затоа препорачавме да се отворат пристапните преговори“, изјави Фон дер Лајен.

Преговорите со Босна и Херцеговина ќе бидат отворени, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство. За сите овие предлози, дали ќе бидат прифатени или не, ќе одлучат лидерите на земјите членки на ЕУ, на Самитот во декември.

Адријана Алексиеска