Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Министерот за транспорт не гледа вина во себе за автопатот „Кичево-Охрид“ кој веќе изеде 600 милиони евра

На власта дури сега и текна да прави ревизија на изградбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На власта дури сега и текна да прави ревизија на изградбата на автопатот „Кичево-Охрид“, ама никако да се отплетка од сопствените контрадикторни изјави. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од Неготино рече дека се уште барало најдоброто решение за завршување на автопатот, но без политички притисок, и со стручна анализа. Вели, кинеската компанија „Синохидро“ која работи на изградба на автопатот „Кичево-Охрид“ има рок до крајот на годинава да работи на негова реализација, иако делницата е заглавена во ќор сокак.

  • „Компанијата ‘Синохидро’ во минатиот период беше во континуирана координација со Министерството, со Јавното претпријатие за државни патишта и со сите подизведувачи во насока на решавање на сите прашања кои се отвораа во текот на изградбата. Важно е дека компанијата има се уште рок за реализација и до 31.12 имаат и рок и фронт за да продолжат да работат на терен“, рече министерот Бочварски.

Бочварски очекува анализата од експертите на Меѓународна федерација на консултантските инженери да даде правци по кои државата треба да продолжи за завршување на автопатот.

Бочварски сега не гледа вина кај себе, иако премирот посочи дека лично министерот за транспорт е одговорен за изградбата да заврши до крај на 2023.

Реклама
  • Сега треба да се направи анализа зошто не е завршено, зошто изведувачот не успеал да го заврши, дали проектите биле правени биле квалитетно направени, дали тие што ги правеле ги заслужуваат лиценците што ги имаат за да направат проекти. Ќе ви направам аналогија, тоа е исто како да имате овластен книгиводител кој ги прмашува завршните сметки на една компанија и се поставува прашањето дали ја заслужува лиценцата да биде овластен сметководител, рече Ковачевски.

Претходно, премиерот посочи дека одговорност за долгото градење на патот треба да се бара и од проектантите. Рече дека ќе има финансиски импликации ако се раскине договорот, но какви ќе одредел судот во Париз кој е надлежен во случај на арбитража. Дали се наведени некакви пенали во самиот договор, Ковачевски не кажа.

Рокот за изградба на автопатот истекува на крајот од годинава. Овие 57 километри достигнаа вредност од фантастични 600 милиони евра, или речиси 11 милиони по километар државни пари, кои ако се суди според реалната слика, заминаа во ветер.

Борис Грујоски