Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Економија

Скандал Кичево-Охрид наместо кај себе власта го вперува прстот за одговорност кај изведувачите

Власта се амнестира од одговорност за уште еден промашен рок за автопатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта се амнестира од одговорност за уште еден промашен рок за автопатот Кичево – Охрид . Иако  премиерот пред само една година му порача лично на министерот за транспорт и врски дека тој е одговорен на крај на 2023 да има нов автопат од Кичево до Охрид, сега Ковачевски со поинаков став.  Министерството за транспорт и врски било одговорно за изградба на инфраструктура, но не биле криви зошто се појавувале нови свлечишта. Ковачевски го вперува прстот кон проектантите и изведувачите.

Сега треба да се направи анализа зошто не е завршено, зошто изведувачот не успеал да го заврши, дали проектите биле правени биле квалитетно направени, дали тие што ги правеле ги заслужуваат лиценците што ги имаат за да направат проекти. Ќе ви направам аналогија, тоа е исто како да имате овластен книгиводител кој ги прмашува завршните сметки на една компанија и се поставува прашањето дали ја заслужува лиценцата да биде овластен сметководител, рече Ковачевски.

Премиерот потврди дека ќе има финансиски импликации доколку се раскине договорот, но какви ќе одредел судот во Париз кој е надлежен во случај на арбитража . Дали се наведени некакви пенали во самиот договор, Ковачевски не кажа.

Реклама

Планот на власта да го раскине договорот експертите го оценија како многу опасен и штетен за државата но и стопанството. Дополнително, со таквиот потег би се отворил и конфликт со изведувачот што може да создаде огромни проблеми за државата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ предупредува дека овој проект го покажува вистинско лице на власта за која критикува дека е неспособна и криминална

Сега наместо да најдат начин како да го забрзаат проектот, тие повторно се обидуваат со некои гимнастики и политиканство да предизвикаат застој на работите, конфликт со изведувачите и на тој начин дополнително да го одложат реализирањето на овој проект, потенцираше Мицкоски додавајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да ги заврши сите проекти во Македонија, рече Мицкоски .

Владата одлучи да  прави  ревизија по 10 години од старт на изградбата  од кои 7 на власт се СДСМ и ДУИ.  Ангажиран е и Фидик експерт кој ќе направи анализа на договорот , и по завршување на анализите предлог одлука од Илинденска ќе оди во Собрание и пратениците ќе го имаат финалниот збор како ќе продолжи изградбата . Рокот за изградба на автопатот истекува на 31 Декември годинава, до кога мора и да ја има предлог Одлуката од Министерството за транспорт и врски .  Овие 57 километри достигнаа вредност од фантастични 600 милиони, или речиси 11 милиони по километар државни пари, а за Ковачевски ова не се фрлени пари оти добар дел од работите биле завршени .

Кристина Алексиеска