Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Музејот на УЧК е билдање на национализмот за да се скријат криминалите – Ковачевски без конкретна осуда

Скандалот со музејот на УЧК, картата од Голема Албанија исцртана на мермер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со музејот на УЧК, картата од Голема Албанија исцртана на мермер и сликите од команданти во воениот конфликт во 2001, за кој веќе три дена има жестоки реакции, воопшто не го загрижува првиот човек на Владата. Наместо осуда, од Димитар Ковачевски новинарите добија лекција по историја. Ставање на таква мапа, било задоцнето 145 години – а тие карти само ги отсликувале односите на Балканот пред век и половина. Такви слични, имало во секоја држава на Балканот. За настанот кој што се случи изминатиот викенд, Ковачевски рече дека се работело за приватен имот и тоа поглежело на законски решенија.

– Она што за овој случај е караткеристично, од она што го имам како информација е што се работи за приватен имот, каде што е направен тој настан и тоа сигурно подлежи на одредени законски решенија оти доколку се работи за општествен имот одобрение би требало да даде општината, но таа немала информации за истото. Она што ние го имаме денес како општество, воопшто не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи после 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни а тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ мапата која што ние ќе ја имаме, и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. И тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е, кажувам уште еденаш 145 години задоцнето, вели Ковачевски на прашање од новинарите по посетата на компанијата Пивара Скопје заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.

Според ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Али Ахмети ги храни своите гласачи со национализам за да го скрие криминалот. Христијан Мицкоски очекува албанската опозиција да ја напушти шовинистичката реторика која е карактеристична за крајот на 19тиот век, и да се насочи кон развој на Македонија со задоволни граѓани.

Реклама

-Ние во 21 век, во Маедонија треба да зборуваме за работи кои што значат додадена вредност во животите на нашите сограѓани. За жал, денеска Албанците, Македонците, Турците, Србите, Бошњаците, Власите, поради тешкиот живот во Македонија и поради ваквите политичари кои што повеќе од 20 години на овие националистички и шовинистички флоскули ја пљачкаат Македонија, ги полнат автобусите и авионите и заминуваат од Македонија. Во периодот на отсуство на проекти, во отсуство на работа, ДУИ и Али Ахмети, и останатите првенци на таа партија за да го заштитат криминалот што го прават, и злоделата кон македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, бошњачкиот, влашкиот, ромскиот народ, и егзодусот што се случува, ќе се обидат да дефокусираат со вакви националистички и шовинистички пораки. Мене ме чуди што премиерот Ковачевски како помал коалиционен партнер во владата се уште таму го грее столчето. Тој треба да замине и барем еднаш во неговиот живот да покаже дека не е обична кукавица и измеќар на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција, истакна Мицкоски.

Картата на Голема Албанија не беше единствената провокација. Ахмети на отворањето порача дека идејата била Албанија без граници, но дека подоцна политиките се промениле, па било одбрано Албанците да бидат господари во оваа земја. Дека предизборно се разгорува национализмот, покажуваат и пораките на навивачите фудбалскиот натрпервар Шкупи – Вардар кои на транспаренти испишаа: „Имаме аманет кој ќе го завршиме: Срцето на Албанија да биде историскиот град Скопје“.

ДУИ и СДСМ без никаква осуда за ваквите провокации кои доаѓаат и од самата власт, но затоа пак Бујар Османи порача дека национализам била пораката на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека неговата партија не би коалицирала со ДУИ.

Адријана Алексиеска