Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Ахмети: Сакавме да направиме Албанија без граници, ама успеавме да ги направиме Албанците господари во Македонија

Имавме амбиции за Албанија без граници, но работите се променија, успеавме да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имавме амбиции за Албанија без граници, но работите се променија, успеавме да ги направиме Албанците господари во Македонија, се пофали Али Ахмети лидерот на ДУИ, од отворањето на меморијалниот комлекс на УЧК во Сопот. Вели не успеале во она што има првичната замисла, Македонија да биде дел од Албанија без граници, а причината биле што се промениле политичките околности.

Тој истакна дека иднината на сите во државава е во ЕУ, каде практично се бришеле границите, па така и оние со Албанија и Косово, кога еден ден трите држави ќе бидат членки на ЕУ.

-Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен, порача Ахмети.

Реклама

Инаку, музејот во Сопот беше отворен викендов, на церемонија на која покрај Ахмети присуствуваа и други видни личности од неговата партија.

Лидерот на опозицијата не е изненаден од ваквите провокации на Ахмети. Вели ДУИ е веќе во кампања, а секогаш кога се во небрано излез пронаоѓаат во национализмот. Испрати порака до граѓаните да не потпаѓаат под овие провокации.

–Колку се тие националистички провокации поголеми, бидете свесни дека повторно некој тендер се решава во четири очи, повторно се пљачкаат македонските граѓаните. Ќе ве потсетам на ветувањата на Али Ахмети и оние камен темелници на фабриката за автомобили во Тетово, покрај дупката и поголемата трева сега веќе буквално ништо не се случува. Албанците секојдневно ја напуштаат државата поради лошите политики на ДУИ и СДСМ. Тоа што СДСМ избрале да бидат измеќари народот ќе си го каже за неколку месеци од сега, изјави Мицкоски.

Инаку, според фотографиите објавени на Фејсбук профилот на Ахмети, како дел од овој музеј може да се видат фотографии од борци на УЧК, но и карти од Голема Албанија. Од Општина Куманово пак информираат дека воопшто немало никакво барање да се отвори ваков музеј во кумановското село Сопот.

Матеја Петровски