Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Газа окружена и поделена, Блинкен во Анкара, 88 работници на УНРВА убиени

Во четиринеделните напади на Газа загинаа речиси 10.000 Палестинци, но израелскиот премиер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во четиринеделните напади на Газа загинаа речиси 10.000 Палестинци, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху останува на својот тврд став дека не може да има примирје ако не се ослободат заложниците.

Израелската војска тврди дека го окружила градот Газа и дека фактички го поделила појасот на два дела. Израелските медиуми велат дека трупите ќе влезат во градот Газа во следните 48 часа.

„Сега има Газа север и Газа југ. Нашата војска стигна до брегот и ја држи таа линија. Сепак, и натаму овозможуваме коридор преку кој цивилите од северот и од градот Газа можат да одат на југ“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Џонатан Конрикус.

Реклама

Израел објави дека зазел пункт на Хамас во Газа, кој се состоел од набљудувачки позиции, тренинг-центар и тунели.

„Во таа операција се елиминирани бројни терористи. Во изминатите 24 часа нашите борбени авиони нападнаа околу 450 цели во Газа“, додаде ИДФ.

ПО СРЕДБАТА СО ПАЛЕСТИНСКИТЕ ВЛАСТИ, БЛИНКЕН ДЕНЕСКА ВО АНКАРА

Откако ги одби повиците за примирје, Израел денеска ќе се најде под дополнителен дипломатски притисок да избегнува цивилни жртви додека го напаѓа Хамас во Газа. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој вчера ненајавено се сретна со палестинските власти на Западен Брег, денеска ќе има состанок со турскиот министер за надворешни работи во Анкара.

ОН: ОСУМДЕСЕТ И ОСУМ ВРАБОТЕНИ НА УНРВА УБИЕНИ ВО ГАЗА

ОН соопштија дека 88 членови на персоналот на нивната палестинска агенција за бегалци (УНРВА) биле пријавени убиени од почетокот на воените дејствија на 7 октомври што е најголем број жртви на организацијата регистрирани во еден конфликт. Во заедничката изјава на шефовите на сите големи агенции на ОН се изразува огорченост за бројот на загинати цивили во Газа и се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, истовремено барајќи од Хамас да ги ослободи заложниците што ги киднапираше од Израел.