Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

АЛФА сторија – семејното насилство не ги поштедува ниту децата

Три различни екипи во Центрите за социјални работи и’ биле сменети на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три различни екипи во Центрите за социјални работи и’ биле сменети на Сунчица и нејзината, сега веќе 8-годишна ќерка. Нивниот случај е во рацете на социјалните служби веќе 6 години, откако Сунчица се развела од сопругот,а  дури годинава добила писмено решение за регулирање на средбите помеѓу ќерката и таткото. Истите се реализираат под надзор и во советувалиште.

-Пред неколку месеци, МТСП, од секторот советувалиште ме побараа со образложение дека тие веќе добиле решение од Центарот за кое јас воопшто не бев известена, добив термин за кој исто така не бев известена, вели Сунчица Ќоќороска.

Дополнителен проблем според неа е и тоа што тие средби се во период кога ќерка и’ има часови а таа е на работа, па двете мора да отсусутвуаат, што некогаш е голем проблем.

Реклама

-Не сум задоволна бидејќи самата ќерка им кажува на социјалните работници дека се плаши, дека не сака да го гледа дека не е спремна да го види, сметам дека во тие наврати каде што децата кажуваат дека е се подготвени дека треба да им се направи пауза, изјави таа.

Сунчица открила дека ниту една од нејзините поплаки не биле евидентирани во досието.

-Од страната на центарот не ме сослушуваа, многу од жалбите што ги поднесував, многу од поплаките и што и да поднесев како докази го немаа во досието, појасни Ќоќороска.

Годинава два дена пред да се случи средбата во советувалиштето имала сообраќајна несреќа со потрес на мозокот. Не можела да ја однесе ќерката на средбата и ги известила телефонски, а за тоа добила закани.

– Од таму следеше: Како не ви е срам ова да го првите? Па зарем сега нема да дојдете? Јас реков, госпоѓо јас сум повредена не сум во состојба да дојдам, како не ти е срам да не доаѓаш, реков повелете дојдете во мојот дом да ме видите во која состојба сум. Тогаш нека остане не ова, следниот пат ако не го исполните вашто доаѓање, тогаш ќе се случи нешто сосема друго, сведочи таа.

Сунчица апелира до Министертсвото и службите, да бидат малку  понаколнитети кон децата затоа што сепак се деца и да внимаваат на нивиот психички равзој и  последитиците кои можат да настанат.