Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Економија

Експертите предупредуваат на огромни штети ако се раскине на договорот за Кичево – Охрид

Евентуалното раскинувањетонадоговорот со кинеската компанија “Синохидро” која 10 години го гради автопатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евентуалното раскинувањетонадоговорот со кинеската компанија “Синохидро” која 10 години го гради автопатот Кичево-Охрид, е јамка за македонските компании.Овој излет сериозно ќе ја чини Македонија, затоа треба добро да се размисли пред да се превземат било какви чекори-алармираат градежните инженери и универзитетски професори,откако на два месеци пред истекот на крајниот рок за завршување на 57-те километри од автопатот,Премиерот Ковачески и неговата десна рака Артан Груби,јавно проговорија за можноста да не се продолжи, односно да се раскине договорот со кинеската компанија.

 “Што ќе се случи ако не го изгласаат пратениците продолжувањето на законот,значи  паѓаат банкарските гаранции на “Синохидро” а со тоа кинеската компанија ќе ги повлече банкарските гаранции и на нашите компани кои имаат околу 50 милиони банкарски гаранции, тие сретства ќе бидат заробени” –укажува проф.д-р Илиос Вилос од Техничкиот факултет во Битола.

Доколку пратениците на крајот на декември гласаат за раскинувањето на договорот,градежните експерти се повеќе од сигурни дека кинеската компанија ќе поведе постапка пред Арбитражниот суд во Париз,станува збор велат за проект тежок половина милијарда евра.   

Реклама

 “Апелирам до сите релевантни чинители со оглед на тоа што за неполни два месеци истекува рокот за градба да размислат во кој правец ќе се движи понатамошната изведба на автопатот,секој дисконтинуитет во работењето ќе доведе до големо дерогирање на веќе изграденото, загуби на големи финансиски сретства,углед на државата и слично”-вели Горан Домазетоски,градежен инженер.

“Автопатот Кичево-Охрид  да биде една успешна приказна од која ќе се излечат многу позитивни работи, во спротивно сум учествувал и во арбитражни постапки каде што проектите не завршувале добро.Tаму не се градат патишта,таму можете само да потрошите многу сретства и време”-вели Денис Ризанов,правник во Г.П. “Гранит”

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид е црна дупка,невозможно е да сепрати првично предвидената и зацртана динамика на изведување на работите,бидејќи се судривме со нерешени имотно правни работи кои сеуште постојат,а проектните решенија сеуште трпат модификациии, нема пристапни патишта за локалното население кое гравитира кон автопатската делница.И ден денес не е завршена дислокацијата на постоечките водоводни и канализациони инсталации како и електрични и телефонски водови.Сето ова има импликации и на квалитетот на изведување на работите-отворено кажуваат инволвираните во проектот кој ќе остане запишан во историјата на државата како најголема инвестиција чија реализација е неизвесна цели 10 години.

Росица Голабоска