Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Алармантни податоци за болните од канцер – пацинетите се жалат дека се оставени на цедило

Продолжува голготата со недостиг на лекови за болните со рак. Пацинетите губат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува голготата со недостиг на лекови за болните со рак. Пацинетите губат надеж, згора на се, за многу од нив нема термини ниту за контролните прегледи како ехо или мамографија, а и кога ги има, не значи дека ќе завршат работа. Лидија Стефановска која со години се бори со канцерот, кој и е веќе метастазиран на повеќе орани, вели дека преку донации, купува терапии од Турција бидејќи во Македонија тие лекови ги нема на позитивната иста.

“Кога би се сменила позитивната листа на лекови и да се се донесат лекови на онкологија ќе да се врати довербата. Јас почетно имав рак на дојка, сега имам на коските, цел рбетен столб ми е зафатен со карлица и  ребра и на градната коска. А сеа последно ми е  на мозок”  вели Лисдија Стефановска, онколошки пациент.

Зорица Аџиевска кој е онколошки пацинет цели 26 години, вели хоророт кој го преживеала не може да се опише со зборови. И вели за да се врати довербата во системот потребна е итна одговрност од виновниците кои печалеле од грбот на најтешко болните, ама неопходни се и лековите. 

Реклама

“Најтешко е чекањето кај нас, кога си болен од канцер и не можеш да дојдеш до термин а чуствуваш промени.Во мојот случај чуствувам промени, јас сум два пати оперирана.Треба да се знаат виновниците, не се сите виновни но тој што заслужил нека биде казнет. И не би сакала ова да се заташка” – изјави Зорица Аџиевска, пацинетка.

Статистиките на заболени пацинетки од рак на дојка во Македонија се загрижувачки, алармираат од здружението ЕЗРА. Има и мажи кој се борат со оваа болест ама се поретки случаи. Па дури и сме трети во Европа по бројот на болни со оваа малигна болест.  

“Македонија е трета на листата на европски земји која што води со оваа малигна болест.И за жал 80 проценти од населението се појавуваат на лекар во многу напредна фаза” – открива Лиридона Лимани.

Министерот за здравство спротивно на тврдењаата на пацинетите, тврди дека термини и терапија има за сите болни од канцер. Тој дури и се пофали дека биле направени над 3.000 скрининзи.

“Има термини и има терапија.Работиме како што викам секој пат, навистина макотрпно.Сите услуги поврзани со оваа bолест да се подобрат” изјави министерот Меџити.

На настанот “Розов пикник” каде беа собрани на едно место онколошки пацинети и нивни најблиски, и покрај сите тешкотии што им ги носи животот, тие сепак не дозволија оптимизмот да ги напушти.

Ања Лукарова