Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

„Скромниот“ Битиќи со високо мислење за самиот себе: Би се повлекол од телото на Светска банка, ама не бил сигурен дека има подобар од него

Фатмир Битиќи би се повлекол од арбитражното тело на Светската Банка, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фатмир Битиќи би се повлекол од арбитражното тело на Светската Банка, но не бил сигурен дали постои подобар од него, да го замени за саатница од 500 долари. Според него немало никаков проблем што тој како вицепримиер и партиски потпретседател бил дел од тело кое според прописите треба да биде деполитизирано. Одговорајќи на прашање дали би се повлекол од таму, реши и да се пофали колку бил успешен и пред да влезе во политиката.

-Пред животот  во политиката сум бил доволно номиниран, кај што требало да бидам номиниран и без да ме номинираат сам сум се изборил, а ако смета јавноста дека тоа е проблем да не ја претставувам адекватно државата од позицијата на вицепремиер нема проблем ќе се отстапи нема никаков проблем, но треба да кажеме дали имаме доволно подобни луѓе и за кого треба да бидат подобни тие луѓе кои што ќе ја претставуваат државата онаму каде што треба да ја претставуваат, изјави Битиќи.

Како оправдување зошто не би се повлекол пак вели и дека можеби никогаш не би бил ангажиран да одлучува, па немало никаков проблем да е таму.

Реклама

-Тоа не значи дека номинирањето значи ангажман и за секој евентуален ангажман понатаму секој поединечно кажува дали е независен во одлучувањето. Претпоставката е дека можеби хипотетички дека некој што е номиниран ќе биде ангажиран, веројатноста е дека никогаш нема да биде ангажиран, изјави Битиќи.

А сепак доколку биде ангажиран, на сметката на Битиќи, ќе легнат 500 долари за час, двојно помалку, односно 250 долари по час би добил и за времето минато во авион на пат кон централата на Светската Банка. Ако случајно и во авион имаат некаква активност поврзана со ова тело наместо 250, ќе добие по 500 долари за еден час.

Матеја Петровски