Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Си ја мести ли Груби „Бехтел и Енка“ и за автопатот Охрид-Кичево? Наместо да го доизгради, Владата ќе бара раскинување на договорот со кинезите

Првиот вицепремиер Артан Груби бара раскинување на договорот со кинеската компанија “Синохидро”…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер Артан Груби бара раскинување на договорот со кинеската компанија “Синохидро” задолжена за автопатот Кичево-Охрид кој се гради 10 години за сума од фантастични 600 миолиони евра. И не само што нема да биде готов до крајот на годинава како што беше предвидено,не е пуштен во употреба нити еден метар асфлат на делницата од 40 километри.

“И сега дали е изведувачот, дали е проектантот, дали е надзорот, тоа нека го утврди  јавното обвинителсвто,  а политичарите да размилсат до декември како ќе одлучуваат,но вака не може да се продолжи.Ако треба нека се прекине, нека се даде на луѓе кои што знаат да го направат патот и нека се изградат автопатиштата. И да се започне кривична постапка за погрешно поектирање,11 нови свлечишта на Кичево – Охрид, тоа е апсолутно неприфатливо”-рече  вицепремиерот Артан Груби.

Груби зборуваше за намерни грешки во поектирањето и бесконечно одовлекување на проектите, а случајно или не, не испушти да го спомне конзорциумот Бехтел и Енка. Не знам како ќе гласаат пратениците на крај на декември во однос на продолжување на тој договор,но кога ги започнавме разговорите со менаџерите на Бехтел и Енка за изградбата на коридорите 8 и 10Д, ни рекоа дека ќе бидат готови пред да се заврши,кинескиот афтопат што навистина се случи, рече Грби кому толку многу му се слошило по пат, што морал да застане кај вилата на премиерот да се освежи.

Реклама

Премиерот пак не сакаше да каже дали и нему како и на Груби му се испревртеле цревата на пат кон Охрид и зошто се чекаше првата конференција за патна инфраструктура за да е отворат картите? Не одговори и дали ставот на Груби има некаква позадина,со оглед на тоа што  интегративците со години молчеа,иако очигледно имале сознанија што се случува? Ковачески само се сложи дека било недозволиво да се гради еден автопат 10 години.

“Треба да се направи ревизија и врз основа на неа да се донесе одлука како да се продолжи, а една од опциите е секако и раскинување на договорот” – рече Ковачески.

Иако беше најавена изјава на министерот за транспорт и врски Бочварски, кој рамо до рамо со Груби се смешкаа додека Ковачески даваше изјава,кога му дојде редот-буквално избега од камерите.На отворањето на конференцијата во поздравното обраќање зборуваше како во државава да тече мед и млеко кога е во прашање патната инфраструктура.

Росица Голабоска