Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Ковачевски застана во одбрана на својот заменик Битиќи- реши да оди контра правилата на Светската Банка

Премиерот Димитар Ковачевски во одбраната на својот заменик Фатмир Битиќи тргна контра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Димитар Ковачевски во одбраната на својот заменик Фатмир Битиќи тргна контра правилата на Светската банка и ставовите на членовите на арбитражното тело, каде на предлог на Владата, за саатница од 500 долари член стана владиниот потпретседател Фатмир Битиќи. Иако јасно е напишано дека ова арбитражно тело не треба да се меша со политиката, член на предлог на македонската Влада е вицепремиерот за економски прашања, но и партиски потпретседател на Ковачевски во СДСМ.

-Таму е предложен господинот Битиќи, како вицепремиер, економист кој исто така има искуство како претставник, како дел од координативното тело во нашата држава во однос на арбитражните постапки и со оглед на тоа дека беше веќе избран од страна на меѓународното тело да биде дел од тоа тело значи дека нема никаков проблем во неговиот избор, изјави Ковачевски.

Ковачевкси како да не го прочитал делот од Конвенцијата на ова арбитражно тело, кој го објави Алфа. Каде јасно е напишано дека ова тело мора да биде деполитизирано, со што логично политичар што е Битиќи, не би смеел да биде дел од истото.

Реклама

-ICSID е независна, деполитизирана и ефективна институција за решавање спорови. Нејзината достапност до инвеститорите и државите помага да се промовираат меѓународните инвестиции преку обезбедување на увереност во процесот на решавање спорови, се вели во Конвенцијата.

Дека изборот на Битиќи може да биде проблем, за Алфа ијзави и црногорскиот адвокат и член на ова трело, Александар Ѓуришиќ. Според него секој член мора биде независен кога е во прашање политичката позадина, која за Битиќи може и да биде причина тој да биде разрешен.

-Согласно со Резолуцијата членовите мораат да бидат независни. Независни од Владата, односно државата и пред се партијата. Независноста е и основ за престанок на мандатот. Се тоа стои во Резолуцијата за престанок на мандатот која е усвоена од 170 земји, изјави Ѓуришиќ за Алфа.

Ѓуришиќ вели дека поради судирот на интереси, доколку одреден бизнисмен одлучи да ја тужи македонската Влада пред ова арбитражно тело, Битиќи не би бил во можност да одлучува во овој спор.

Инаку, доколку бидат ангажирани, на сметката на Битиќи, но и на колешката од неговиот кабинет Стојне Данилова Николоски и другите членови ќе легнат 500 долари за час, двојно помалку, односно 250 долари по час им следуваат и за минато е во авион кон централата на Светската Банка. Ако случајно и во авион имаат некаква активност поврзана со ова тело наместо 250, ќе добие по 500 долари за еден час.

Матеја Петровски