Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Разногласие меѓу првите луѓе во Правда: Лога ќе го поддржи, Мадиќ не го видела и нема став за новиот КЗ

Ќе ја разниша ли владината коалиција новиот Кривичен законик? Ќе бидат ли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе ја разниша ли владината коалиција новиот Кривичен законик? Ќе бидат ли пресудни политичките калкулации дали пратениците да дадат зелено светло во Собранието на новиот текст во Крвичниот кои ги пишуваа правни експерти и сегашни обвинители и судии?

Финалниот драфт на новиот Кривичен деновиве кој повеќе од една година го подготвува експертска група деновиве ќе биде презентирани, но веќе делови од него протекоа во јавноста, меѓу кои и враќање на долгите казни за злоупотреба на службената положба, злоупотреба при јавни набавки како и во делот на застарување на делата.

Алфа ги праша првите луѓе во Министерството за правда  – заменичката Викторија Аврамовска Мадиќ која доаѓа од СДСМ и која ги бранеше скандалозните измени на КЗ кои беа осудени и од експертската група, сега вели дека е воздржана, и ќе се произнесе кога ќе го види новиот Кривичен законик.

Реклама
  • „Јас се уште не сум го видела новиот Кривичен законик, кога ќе го видам ќе го кажам својот став“ вели Аврамовска Мадиќ во разговор за Алфа.

Министерот Лога од Алијанса за Албанците пак ќе застане позади текстот на работната група.

  • „Деновиве ќе имаме презентација на последната драфт верзија на Кривичениот законик, стојам за работната група и нивните предлози“ одговара Лога на прашањето на Алфа.

Министерот и неговата заменичка очигледно беа со различни ставови и за измените кои ги поминаа собраниските филтри пред два месеци. Лога не се потпиша на предлогот, па тоа го направи Аврамовска – Мадиќ. Иако јавно никогаш не проговореа за тоа, Лога на секое прашање за скандалозните измени новинарите ги упатуваше одговори да бараат од неговата заменичка.

Од политичките партии кои ги контактиравме, СДСМ засега не одговори на прашањето дали би дале поддршка, а ВМРО-ДПМНЕ вели мора да го прочитаат прво текстот.

Од опозицијата се сомневаат во предлозите кои ги дава владејчката СДСМ бидејќи како што велат се пишуваат во партиските штабови.

  • „Се сомневам дека СДС ќе се откаже од онаа лична амнестија која што си ја донесе во Собранието. Прво да го видиме предложениот закон. Искуството досега покажува дека во Собранието стигнуваат предлози изработени во партиските штабови на СДС наместо од работните групи“, истакна за време на денешната изјава, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски .

Дел од членовите на работната група за Алфа уште пред два месеци, демантираа дека од нивната работа произлегле спорните измени на КЗ. Во собранието беа донесени за еден ден под превезот на европска реформа. Со нив се намалува предвидената затворска казна за злоупотреба на службена положба.

Oпозициските пратеници не дадоа поддршка и според ова е обид на Владата да ги спаси своите функционери од потенцијално кривично гонење, кога државата е мета на критики за високото ниво на корупција и криминал. За измените последно остри критики ни испрати и Европската комисија и тоа среде Скопје.