Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Македонските пензионери се консолидираат – на 7-ми ноември одат на нов, масовен протест во Скопје

        Крајно понжувачкиот игнорантски однос и цинизам на власта кој пензионерите го трпат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Крајно понжувачкиот игнорантски однос и цинизам на власта кој пензионерите го трпат веќе три месеци, на 7-ми ноември ќе резултира со нов, масовен протест на пензионерите од цела Македонија во Скопје. Ова е одлуката од Координативната средба на претставниците од сите Иницијативни одбори од државава која се одржа во Свети Николе. Пензионерите велат дека овој пат целта им е со сета неправда што им се случува да ги запознаат и амабасадите во земјава, и ЕУ, најмногу заради пристисоците што ги трпеле секојдневно и кои станувале се’ пожестоки.

   „Имаме и премногу шиканирања на она што го работиме, меѓутоа ние сме и понатаму сплотени сите од сите градови во државава и ќе одиме до крај. А тоа до крај значи барање во најраток временски рок да се изврши ревизија во сите 53 општински здруженија, да се види работата досега, и останатите барања како стандард кои веќе пошироката јавност во државава ги знае“, кажа Кире Василевски, пензионер од Велес.

  Чувствувајќи се како граѓани од најдолен ред, небаре биле само бескорисен товар за сопствената држава, иако цел свој живот го вложиле во неа,  македонските пензионери велат дека можеби најдобро би било власта да ги исели, бидејќи со 12.000 ден. овде повеќе не можеле ни да преживеат.

Реклама

   „Доколку не успеат на друг начин да ни помогнат, тогаш нека ни донесат 100 авиона во Скопје и сите ние кои сме пензионери со мали пензии од 12.000-15.000 денари, да не качат во авионите и нека не однесат во Америка и во Европа за да можеме барем таму да проживееме некоја година, затоа што овде со 12.000 денари, тешко ќе можеме да преживееме“, – рече Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе.

Пензионерските протести започнаа во Прилеп на почетокот од август, по што се проширија низ целата земја. Првичните барања беа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, за сега таа сума, заради огромната скапотија која и понатаму дивее, да се искачи на 5.000 денари.  Последната пензија на пензионерите им беше зголемена за само 5,2 проценти, иако првично им беа најавени околу 7 проценти покачување, што уште повеќе го зголеми нивниот револт. Освен секојдневните локални, досега се одржаа и два големи протести во Скопје.

Каролина Дурло