Дијабетичарите глава не можат да кренат од проблемите. Ленти има, ама глукомери нема. Од Сојузот на здруженија на дијабетичари прашуваат до кога ќе слушаат лаги и лажни ветувања и кога ќе го добијат тоа што им следи од државата? Претседателот на сојузот, Диме Велев вели дека сега ќе бараат од Антикорупциска и од Државниот завод за ревизија итно да го проверат тендерот за ленти и глукомери. Тој тврди дека договорот за испорака на овие две неопходни нешта доцни.
“Ние не запираме тука.Не забораваме што ни се случи овие 11 месеци.Ќе бараме да се испита целосно системот.Овие наши постапки се и за одговорност на луѓето кои што биле инлворвирани што се одговорни за ова.Но пред се да го видиме системот, каде што ние тврдиме дека не е добро поставен.Дека не обезбедува квалитет на ленти и глукомери, и затоа бараме референтна цена” вели Диме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.
Велев им порача на надлежните, да не си играат со здрвјето на граѓаните со доцнењето на глукомери, игли, и инсулинска терапија.Оти тоа чини скапо, со изгубени и загрозени животи.

“Не зборуваме за тоа дали денеска ќе се гради патот 5 километри или утре,зборуваме денеска мора да имаме глукомери и терапија.И тоа не треба да зависи од еден човек туку да биде системски процес кој ќе го водат пред се докторите,а правото на избор кај пацинетите ќе постои” – изјави Велев.
Проблемите на дијабетичарите траат 10-тина месеци, откако претходното раководство на Министерството за здравство не го спроведе тендерот за набавка на ленти и глукомери, па дијабетичарите мораа да ги плаќаат од сопствениот џеб на приватно.
