Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Прилози

Фатмир Битиќи бил високо морална личност: Од Владата одговорија зошто го предложиле за арбитар во Светска Банка за „солени“ 500 долари од час

Фатмир Битиќи бил високо морална личност, ова е оправдуањето на македонската Влада,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фатмир Битиќи бил високо морална личност, ова е оправдуањето на македонската Влада, зошто го предложелиле вицепремиерот за економски прашања да биде дел од арбитражното тело на Светска Банка, каде доколку биде ангажиран за одреден спор би имал саатница од 500 долари. Од Илинденска се правдаат дека немало проблем со предложувањето на Битиќи, бидејќи никаде не било наведено дека постои несповиост на политичка функција со можноста да се биде дел од ова тело.

-Во членот 14 од Конвенцијата е наведено дека луѓето кои се назначени да бидат во Панелот на арбитри треба да бидат високо морални личности и да имаат високо развиени компетенции во областа на правото, трговијата, индустријата или финансиите кои може да им се довери да одлучуваат (арбитрираат) во дадени предмети, велат од Владата.

На Илинденска како да не го гледаат делот од Конвенцијата на ова арбитражно тело, каде се вели дека истото треба да биде деполитизирано.

Реклама

-ICSID е независна, деполитизирана и ефективна институција за решавање спорови. Нејзината достапност до инвеститорите и државите помага да се промовираат меѓународните инвестиции преку обезбедување на увереност во процесот на решавање спорови, се вели во Конвенцијата.

Од Владата се правдаат и дека станувало збор континуитет. Во 2017-та на позиција арбитар во ова тело бил и тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски.

Инаку, за секој час работа доколку биде ангажиран, на сметката на Битиќи ќе легнат 500 долари, додека пак 250 долари по час му следуваат и за времето додека е во авион и патува кон централата на Светската Банка. Ако случајно и во авион има некаква активност поврзана со ова тело наместо 250, ќе добие по 500 долари за еден час.

Матеја Петровски