Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Прилози

Учебниците во сите училишта во Скопје се доставени уверува мистерот Јетон Шаќири, иако родителите не го потврдуваат тоа

Учебниците „Историја и општество“ за петто и за шесто оддееление ќе доцнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учебниците „Историја и општество“ за петто и за шесто оддееление ќе доцнат уште некое време, зашто не се пријавиле професори да ги рецензираат. Конкретно, во тој за петто одделение, лани Здружението на историчари детектираше 13 грешки, безмалку катастрофални. Во меѓувреме, не се пријавуваат рецензенти, оти е познато дека историчарите уште на самиот почеток се противеа на концепцијата за спојување на овие предмети. Првиот и најодговорен, министерот Шаќири, повторно со изјави за надеж дека проблемот ќе биде надминат, но не се чувствува виновен за тоа, ниту тој ниту бирото за развој на образование.

  • Има проблеми со учебниците по „Историја и општество“ за петто и за шесто оддееление. МОН неколку пати се обраќа до факултетите да достават рецензентска комисија и претседател за и тие учебници да бидат готови. Се работи за технички фактор – пријавување на рецензенти. Секојдневно комуницираме со универзитетите за професори да се вклучат во рецензентските тимови.  Мислам дека за брзо време Педагошката служба ќе извести и сигурен сум дека и за тие учебници ќе има рецензенти и ќе бидат завршени, се оправда Шаќири.

Шаќири и претходно најави дека учебниците ќе стасаат до крајот на септември, но и овој рок се проби. Според Концепцијата за основно образование која од 2020 се спроведува етапно,и покрај бројните критики,  и седмоодделенците ќе имаат нови учебници на кои им претходи подготовка на наставни програми од Бирото.

  • Имаше ситуации каде што за одредени учебници требаше да се работи на графичко-техничка регулација, a некои автори побараа некои делови од учебниците да се коригираат. Затоа се доцнеше, се оправда Шаќири.

Колку за потсетување, меѓу катастрофалните грешки во таканаречените учебници по нов концепт, стои дека Албанија ни е источен сосед, авторите ги згрешија знамињата на две држави, па и го пораснаа Монт Еверест, го згрешија периодот на античкото време, а и напишаа дека Никола Тесла е изумител на електричната енергија.

Реклама

Претходно, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реагираше дека дел од основците немаат нови учебници по историја, а како образложение од надлежните добиле дека се чекало прво мешовитата комисија со Бугарија да заврши со работа, па потоа ќе се правеле и печателе нови. Комисијата најави тужба против надлежните институции, оти, де факто, на овој начин, на учениците им се повредува правото за еднаков пристап до квалитетно образование.

Борис Грујоски