Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Удари дома, но и удари од институциите – жените жртви на семејно насилство не се заштитени од државата

Удари дома, но и удари од институциите – жените жртви на семејно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Удари дома, но и удари од институциите – жените жртви на семејно насилство не се заштитени од државата

Се омажив од љубов. Вака Љупка ја започнува својата приказна. Но болната љубомора не е љубов, сведочи таа. Првите знаци на семејно насилство започнале по раѓањето на нивното дете, а таа ги оправдувала како неискуство во новата улога на татко.

Реклама

-Кога решив да излезам од таа куќа јас дознав дека сум повторно бремена и поради тоа останав. Добив ветување дека ќе се поправи, дека ќе биде поприсутен, дека нема да има ни физичко ни психичко насилство. Меѓутоа ништо не се промени, се одеше на полошо, сведочи Љупка Мачкова.

И биле потребни години за да собере храброст и да го пријави насилството. Се јавила на телефонските броеви објавени на Министерството за труд и социјална политика. Но од таму добила одговор дека тие се само телефонска поддршка.

-Но следниот пат после 3-4 години се обратив директно во Центарот за социјална работа во Центар во Скопје и таму наидов на ладен ѕид. Од страна на жени. Ако нешто ја одвраќа жртвата да пријави тоа е кога ќе наиде на истополова дискриминација во момент кога најмногу и’ е потребна поддршка. Тие пред се не беа заинтересирани, ме оставија да чекам долг период а потоа едвај ме сослушаа . Се обидуваа со нивни зборови да ми ја преиначат приказната. Па вие не изгледате толку потресено. Зошто дојдовте? Да не лажете малку, вели таа.

Не сакав да го пријавам во полиција сведочи таа. Сакав само да ме заштитат како институција. Но тука се соочила со препреки и затворени врати. Вели дека ја присилиле, или да поднесе кривична пријава или да ја сопре постапката кај нив.

– Тој фати врски и успеаа да ме присилат. Ја повлеков таа пријаваи му јавија веднаш. Се сеќавам јас се вратив дома после таа посета на социјалното. Тој ме чекаше со насмевка на лицето и почна да се потсмева „Ах сега ти си веќе несериозна. Чекај ќе ти удрам пак шамар па оди пак пријави ме  да видам дали ќе те викнат овој пат. Дали ќе те сослушаат“, се присетува Љупка.

Благодарение на невладините организации, Љупка обезбедила  бесплатна правна помош за да излезе од бракот. Од нив добила и психолошко советување и помош, додека пак од социјалните служби и ден денеска чека психолошка поддршка за нејзините деца.