Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Прилепските пензионери и денеска ја продолжија својата битка за подостоинствен пензионерски живот

    Иако и понижени, навредени и онеправдани, притиснати и преморени, и физички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Иако и понижени, навредени и онеправдани, притиснати и преморени, и физички и психички, прилепските пензионери и денеска ја продолжија својата битка за остварување на барањата за подостоинствен пензионерски живот, а на кои власта, со месеци целосно се оглушува. Велат дека понижувањето веќе им преминува во гнев и бес, бидејќи животот и душите им станувале сепопразни, исто како и нивните паричници, оставите за огревно дрво, теглите без зимница. Немаат намера да се откажат, туку напротив, велат дека ќе бидат уште поупорни, па макар и испопаѓале по патиштата.   

Денеска е Светски ден на правадата. Е, што правда имаме ние да ги прашам оние одозгора од претседателствово? Што правда имаме? Гледам вчера протестантиве од Штип со празни тегли. Море луѓе, душата ни ја испразнија. И повредени, и омаловажени, и понижени, веќе празни сме. Вистински, не само во џебовите празни. Јас не знам што мислат…насд маката не научи и многу да трпиме, ама и многу да памтиме. Јас лично ќе памтам до избори, онаа да ја снема, не од политика, море од земјава да ја снема“, – рече Билјана Шеќероска, пензионерака. 

Реклама

Месеци еве дојдоа, само протестираме, по улици одиме, стари, кој со штаки, , кои не можат да дојдат. Луѓево се разболени сите. Од што, ќе прашате ? немаштијата ова го донесе. Нема ни за лечење, нема ни закупување, сето е скапија голема. Јас не знам и оваа Тренчевска што мисли да прави. Ова е катастрофа невидена. Луѓе одат по кантите бараат, немав телефон да ги снимам и да ги пуштам. Гревој се, луѓето за лепче бараат. Врнело-грмело, ние ќе излегуваме, тоа да им е јасно“, – кажа Марија Ристеска, пензионерка.