Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

„Ме легна долу, само со рацете се пазев“ сведочи жител на Пласница кој беше нападнат од мечка

Излегов да берам дренки и кога по пат седнав да се одморам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излегов да берам дренки и кога по пат седнав да се одморам од нигде никаде пред мене излезе мечката, сведочи 76-годишниот Минче Рамчески од селото Пласница, кај Македонски Брод кој бил нападнат од мечка. Раскажува дека откако го легнала на земја, мечката со заби го фатила за левата слабина, го држела кратко, а потоа избегала. Така, вели Минче, останал здрвен некое време, по што се освестил.

  • „Полека со стапчето појдов и стигнав до Горно село, тоа старо село е. Тука барав дренки, најдов по некоја и седнав на патот. Го оставив стапчето и запалив цигара. Така си седев кога одеднаш, не знам како се најде тука, одеднаш пред мене се појави мечката. Ме турна, ме легна долу и јас само се фатив вака, се пазев. Сакав да ѝ дадам отпор ама не можев, што да правам. Се исплашив многу“, вели 76-годишникот што вчера беше нападнат од мечка.

Во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Рамчески вели дека гледтката била страшна. Нападот се случил рано утрината околку 8:30 часот кога излегол од дома и тргнал да бере дренки.

  • „Кога ме турна почнав да викам ‘помош, помош, помош’. Не ме држеше многу, не поминаа три секунди и веднаш си замина. Бев многу исплашен, ми течеше крв. Така останав здрвен некое време, па се освестив“. Државата треба да има право на отстрел на мечките кои напаѓаат“, вели човекот.

76-годишниот Минче за среќа го спасиле ловџии кои случајно се нашле блиску до местото на инцидентот бидејќи биле на лов. Откако слушнале повици за помош ловците испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала, а нападнатиот човек се здобил со тешки телесни повреди.

Реклама

Инаку, селата Пласница и Ораоец, на чиј потег беше нападнат 76-годишникот, се оддалечени на околу 70 километри од Националниот парк „Маврово“ од каде што мечките во последно време почнаа зачестено да се симнуваат во населените места во потрага по храна. Претходно, на крајот на септември општина Маврово и Ростуше побара Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на општината поради зголемено присуство на мечки на овие простори и опасноста по локалното население.

Борис Грујоски