Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Македонија

Мицкоски на средба со Орбан: Поддршката од Унгарија на Македонија е доказ за вистинско пријателство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Претседателот на пријателската партија, ФИДЕШ и премиер на Унгарија Виктор Орбан.

На средбата беа констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија.

Реклама

Воедно на средбата беше направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата кои се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно беше разговарано за идни проекти и планови за развој кои би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија, информираат од партијата.