Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

За четири и пол месец во Македонија се регистрирани 2018 пожари, ама поднесени се само 20 кривични пријави

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов бара поголема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов бара поголема ажурност од полицијата која спие,наместо да ги открива подметнувачите на пожарите кои беснееле изминативе 4 месеци. Тој кажа дека од месец јуни до средината на овој месец во државава се регистрирани 2018 пожари на отворено,што значи секојдневно горело на 15-тина различни локации. Поголем дел од пожарите биле опасни и во нивното гаснење интервенирале и воздухоплови.

“Наша работа, односно работа на пожарникарите е да ги гаснат,а работа на МВР е да ги открива сторителите.За жал, оваа година од јуни до сега имаме 2018 пожари на отворено,а од страна на МВР се поднесени само 20 кривични пријави против сторители ,потпалувачи на овие пожари”- вели Стојанче Ангелов,директор на ЦУК.

И додека сторителите на пожари поминуваат неказнето,Македонија се соочува со недостатокот на пожарникари.Ако европските земји како Хрватска,Словенија или Австрија покрај професионалните располагаат со 100 до 350.000 доброволни пожарникари,нашата земја има нешто повеќе од само 200 активни пожарникари и 10 доброволни пожарникарски друштва кои немаат соодветна опрема и голораки се справуваат со пламените јазици,а располагаат со само 5 противпожарни возила.

Реклама

“Само 5 во државата од вкупно 10-тина ,15-ет друштва,останатите учествуваат на интервенции, ама учествуваат само со лична заштитна опрема и прирачни сретства како нараменици, метли за гаснење на шумски пожари, некоја пумпа, имаат некој агрегат.Ама тоа е тотално незадоволнително за да се исполнат сите тие критериуми кои се бараат од нас за да ги заштитиме луѓето и природата.Споредбено со другите држави ситуацијата е застрашувачка, дури не можеме да направиме соодветна паралела”-вели Кирил Михајлов,доброволен пожарникар

И таа опрема што ја имаат доброволните пожарникари ја добиле преку странски донации оти како што велат,немаат никаква поддршка од државните институции.

“Невозможно е со било колкав број, дури и со голем број професионални пожарникари,на адекватен начин да го покријат секој дел од државата.Мора да дојде за 15 минути,а не за 2 или 3 часа пожарникар на кого не му пише на челото или на кацигата дали е професионалец или доброволец.Централните и локални власти мора да разберат дека мора да ги заштитат своите граѓани на адекватен начин”-вели Стјепан Ковачек-доброволен пожарникар од Хрватска

Државата мора да го промени законот за пожарникарство донесен во 1968 година,кој иако претрпи измени во 2017-та,не ги задоволува потребите на противпожарните друштва.Македонија во изминативе 32 години не направи речиси ништо за доброволните пожарникари кои се снаоѓаат како знаат и умеат.

Росица Голабоска