Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Милошоски: Седницата за интерпелација на Јовевски на еден месец пред истекот на неговиот мандат е чиста фарса

Ставањето на точката за интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески  на еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставањето на точката за интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески  на еден месец пред истекот на неговиот мандат е уште една фарса на власта – дециден е пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата уште во спетември побара да се расправа за работата на републичкиот обвинител . Ова одолговлекување, според Милошоски е „благодарам“ од власта за Јовевски, кој како што вели со години го криеше нивниот криминал.

Јас и чисто се сомневам дека ќе дојде на ред за гласање. Македонија изгуби многу време со ваков јавен обвинител. Цело време молчи, наместо да истражува, го одмолчи и периодот за измени на КЗ, со европско знаменце, што сметам дека е најголем упад во правниот систем до сега. Уште една фарса на власта, бидејќи одолговлекувањето на интерпелацијата се должи на тоа што власта си има договор со Јовевски. Тој го криеше криминалот последниве години, а тој за возврат да добие статус на уставен судија – вели Милошоски.

Инаку кандидатурата на Јовевски за уставен судија е заглавена во Собранието. За да му се придружи на тимот на Кацарска, тој прво треба да добие амин од комисијата за Избори и именувања, па потоа да се гласа на пленарна седница.

Реклама

Пратениците неодман изгласаа двајца од канидатите без претходно да биде завршена целосната комисиска расправа. Опозицијата предупреди дека се изигрува Деловникот.

Во владејачката коалиција има фрагментирани групи, еден дел од нив сакаат да му се оддолжат на Јовевски, со награда за уставен судија, но има и една друга група, од поновото раководство на СДСМ, која не чувствува поголеми обврски кон него. Но ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Јовевски нема квалификации, ниту пак се докажал како Јавен обвинител, за да биде уставен судија – додава Милошоски.

Инаку, интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител која беше поднесена на 14 септември, се однесува на судскиот предмет за пожарот во тетовската модуларна болница во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица.

Адријана Алексиеска